На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на КХВ
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Предлог годишни извештаи на КХВРСМ
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури и стручна литература
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Извештај на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија за октомври 2014 год.
06.11.2014

Решенија за емисии на акции

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на "Арцелормиттал Скопје " (ЦРМ) АД Скопје му ја одобри втората емисија на акции по пат на јавна понуда. Станува збор за 13.630.537 обични акции со вкупна продажна вредност на емисијата од 69.826.533 евра. При запишувањето на акциите и нивната распределба се применува моделот на фиксна цена со примена на принципот на приоритет на поголема количина и порано време на внес на налогот во БЕСТ системот. Постапката на запишување на акциите се врши преку Македонската берза АД Скопје. Втората емисија на акции на "Арцелормиттал Скопје" (ЦРМ) АД Скопје се врши по пат на јавна понуда со цел зголемување на основниот капитал на друштвото и обезбедување на парични средства за враќање на веќе земен кредит. КХВ на "Тутунски комбинат " АД Прилеп му даде одобрение да ја издаде четвртата емисија на долгорочни хартии од вредност. Со четвртата емисија на акции "Тутунски комбинат" АД Прилеп ќе издаде 259.622 обични акции со продажна цена од 51,13 евра по акција. Зголемувањето на основната главнина со нови влогови се врши по пат на приватна понуда наменета за познат купувач - Влада на Република Македонија. "Тутунски комбинат" АД Прилеп издава хартии од вредност за својот долг кон Владата на Република Македонија да го претвори во траен влог во друштвото. На овој начин, "Тутунски комбинат" АД Прилеп ќе се растовари од обврските што ги има кон државата по основ на јавни давачки и финансиски ќе се консолидира за да ја продолжи својата дејност со профитабилно работење.

Согласности на овластени учесници на пазарот на хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде согласност за именување на двајца директори и тоа: Михајло Брова Зиков и во наредните шест години да биде директор на Дирекцијата за вршење на услуги со хартии од вредност на "Комерцијална банка" АД Скопје, а Томо Томовски директор на брокерската куќа "Иново Брокер" АД Скопје до мај, 2017 година.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во октомври, вкупно активни акционерски друштва беа 19. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери, освен друштвата котирани на берза.

Спроведени контроли

Во октомври , Комисијата за хартии од вредност секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. КХВ во октомври спроведе една контрола.

Санкции

Комисијата донесе Решение со кое утврди дека на "Агро Ели" ДООЕЛ Велес 19.466 обични акции издадени од "Благој Ѓорев " АД Велес што претставуваат 4,7627 проценти од вкупниот број на обични акции не му носат право на глас и на дивиденда. Ваквата мерка, КХВ ја изрече бидејќи "Агро Ели" ДООЕЛ Велес овие акции ги стекнало преку заедничко дејствување со други лица што е спротивно со Законот за преземање на акционерските друштва. КХВ го задолжи "Агро Ели" ДООЕЛ Велес да ги продаде акциите на кои им се ограничува правото на глас и на дивиденда во рок не подолг од 6 месеци, а доколку тоа не го стори, продажбата на акциите ќе ја спроведе Комисијата. КХВ му забрани на " Благој Ѓорев" АД Велес за овие акции да исплатува дивиденда.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Секторот за супервизија на пазарот на капитал постапуваше по едно барање за заштита на акционерско право.

Подзаконски акти

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во октомври ги усвои измените и дополнувањата на Правилникот за утврдување на структурата, пресметката и начинот на одржување на средствата на минималната основна главнина на друштвото за управување со инвестициски фондови и истиот го стави на јавна расправа.



За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA