На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на КХВ
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Предлог годишни извештаи на КХВРСМ
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури и стручна литература
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Извештај на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ( КХВ на РМ) за август 2014 г
07.09.2014

Подзаконски акти

По завршена јавна расправа, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во август ги усвои следните Правилници: 1. Правилник за известување од страна на депозитар на хартии од вредност за стекнати повеќе од 5% на било кој род и класа на хартии од вредност издадени од страна на котираните друштва и акционерските друштва со посебни обврски за известување; 2. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за содржината на проспектот за преземање; 3. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за документацијата што се поднесува кон барањето за издавање дозвола за понуда за преземање; 4. Правилник за изменување на Правилникот за начинот и условите за обука и полагање на посебен стручен испит за инвестиционо советување.

Решенија за емисии на акции

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на Акционерското друштво Органско Хемиска Индустрија "Наум Наумовски Борче" му даде одобрение да издаде четврта емисија на 99.747 обични акции во вкупен износ од 5.099.964,36 евра за зголемување на основната главнина по пат на приватна понуда.Четвртата емисија на акции на "Охис" АД Скопје е наменета за Република Македонија. Имено, Владата на РМ ги презема акциите од новата емисија со претворање на своето побарување во влог во друштвото, односно со внесување на непарични влогови. Целта поради која "Охис" АД Скопје издава акции е спроведување на Законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во друштвата "Охис" АД Скопје, "Тутунски комбинат" АД Прилеп и "11 Октомври Еурокомпозит" АД Прилеп, со што ќе се намали долгот кој "Охис" АД Скопје го има спрема државата по основ на јавни давачки. Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на "Коппер Инвестментс" АД Скопје му одобри да издаде 2.500 приоритетни партиципативни акции во вкупен износ од 1.000.000 евра. Втората емисија е наменета за познат купувач и тоа за "Surrey Dynamics Limited" од Обединетото Кралство. Втората емисија на акции се врши по пат на приватна понуда со парични влогови, заради создавање услови за непречено функционирање на "Коппер Инвестментс" АД Скопје.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во август, вкупно активни акционерски друштва беа 18. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери, освен друштвата котирани на берза.

Согласност за стекнување на квалификувано учество на овластени учесници на пазарот на капитал

Како резултат на присоединувањето на "Поштенска банка" АД Скопје кон "Еуростандард Банка" АД Скопје, КХВ даде согласност "Еуростандард Банка" АД Скопје како единствен правен наследник да стекне квалификувано учество во "Централниот депозитар за хартии од вредност" АД Скопје, односно со акции чии вкупен кумулативен износ не надминува 20 проценти од вкупно издадените акции со право на глас од ЦДХВ АД Скопје. "Еуростандард" АД Скопје доби согласност од Комисијата да се стекне и со 100 проценти од акциите на "Поштел брокер" АД Скопје.

Спроведени контроли

Во август, Комисијата за хартии од вредност секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал во август спроведе три контроли.

Санкции

На барање на брокерската куќа " Еуро Брокер" АД Скопје, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија трајно и ја одзема дозволата за вршење на услуги со хартии од вредност. Одземањето на дозволата за работа е поради донесена Одлука на Вонредното Собрание на акционери на "Еуро брокер" АД Скопје со која брокерската куќа престанува да врши услуги со хартии од вредност. Истовремено, со трајното одземање на дозволата за работа на "Еуро брокер" АД Скопје се исполнуваат условите за отворање на ликвидација на брокерската куќа, за што Комисијата ќе поведе постапка пред надлежниот суд.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Секторот за супервизија на пазарот на капитал постапуваше по три барања за заштита на акционерско право.



За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA