На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на КХВ
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Предлог годишни извештаи на КХВРСМ
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури и стручна литература
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Извештај на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ( КХВ на РМ) за јуни 2014 год
06.07.2014

Подзаконски акти

Откако јавноста ги кажа своите забелешки, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ги донесе следните Правилници: 1. Правилник за условите и начинот за давање одобрение за издавање на удели и издавање и регистрирање на акции на резидентни инвестициски фондови надвор од Република Македонија односно продажба на удели и акции на нерезидентни инвестициски фондови во Република Македонија; 2. Правилник за условите и начинот за добивање одобрение за издавање или регистрирање на домашни хартии од вредност во странство; 3. Правилник за условите и начинот за давање одобрение за издавање, односно за регистрирање на странски хартии од вредност во Република Македонија; 4. Правилник за измена и дополнување на Правилникот за критериумот за рангирање на субдепозитарна банка на инвестициски фонд ; 5. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на барањето за добивање одобрение за организирање на отворен инвестициски фонд; 6. Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот, постапката и потребната документација за добивање дозвола за работење на друштвото за управување со инвестициски фондови; 7. Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за потребната документација за добивање согласност за стекнување на квалификувано учество во друштво за управување со инвестициски фондови ; 8. Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на барањето за добивање одобрение за основање на затворен инвестициски фонд; 9. Правилникот за начинот, постапката и потребната документација за добивање дозвола за основање на подружница на странско друштво за управување со инвестициски фондови во Република Македонија ; Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во јуни усвои неколку правилници и истите ги стави на јавна расправа. Станува збор за : 1. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за документацијата што се поднесува кон барањето за издавање дозвола за понуда за преземање; 2. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за содржината на проспектот за преземање;

Решенија за емисии на акции

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на Клириншка куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје (КИБС) и даде одобрение да издаде единаесетта емисија на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда. Станува збор за 4.876 обични акции во вкупен износ од 48.760.000 денари. Единаесеттата емисија на акции е наменета за познати купувачи - акционерите на друштвото. Согласно Одлуката, единаесеттата емисија на акции се врши од средства на друштвото по основ на исплата на дивиденда во акции на акционерите на КИБС АД Скопје и тоа сразмерно на нивното учество во основната главнина на друштвото. Исто така , во јуни , КХВ на Ракометниот клуб ВАРДАР АД Скопје му одобри да издаде долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда. Зголемувањето на основната главнина на друштвото се врши со трансформирање на заем во влог во друштвото даден од единствениот акционер на друштвото. Бројот на сопственички хартии од вредност-акции од втора емисија кои му се издаваат на единствениот акционер Сергеј Самсоненко изнесува 3.000 обични акции определени според вкупниот износ на заемот од 30.000 евра поделен со номиналниот износ на обична акција во вредност од 10 евра.

Супервизорки активности

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во јуни даде согласност на Одлуката за измени и дополнувања на Статутот на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во јуни, вкупно активни акционерски друштва беа 18. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери, освен друштвата котирани на берза.

Спроведени контроли

Во јуни, Комисијата за хартии од вредност секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал во јуни спроведе три вонредни контроли.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Секторот за супервизија на пазарот на капитал постапуваше по три барања за заштита на акционерско право.



За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA