На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на КХВ
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Предлог годишни извештаи на КХВРСМ
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури и стручна литература
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Извештај на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ( КХВ на РМ) за мај 2014 год
02.06.2014

Подзаконски акти

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во мај усвои неколку правилници и истите ги стави на јавна расправа. Станува збор за : 1. Правилник за начинот и условите за обука и полагање на посебен стручен испит за работење со хартии од вредност; 2. Правилник за условите и начинот за давање одобрение за издавање на удели и издавање и регистрирање на акции на резидентни инвестициски фондови надвор од Република Македонија односно продажба на удели и акции на нерезидентни инвестициски фондови во Република Македонија; 3. Правилник за условите и начинот за добивање одобрение за издавање или регистрирање на домашни хартии од вредност во странство ; 4. Правилник за условите и начинот за давање одобрение за издавање, односно за регистрирање на странски хартии од вредност во Република Македонија ; 5. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за критериумот за рангирање на субдепозитарна банка на инвестициски фонд; Откако јавноста ги кажа своите забелешки, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ги донесе следните Правилници: 1. Правилник за изменување на Правилникот за критериумите за утврдување на заедничко дејствување согласно Законот за преземање на акционерските друштва; 2. Правилник за начинот и постапката за вршење надзор на правни и физички лица ; 3. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката на запишување на хартии од вредност; 4. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и соджината на податоците за издадените хартии од вредност; 5. Правилник за обука и полагање на посебен стручен испит за инвестиционо советување ; 6. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот, содржината и роковите за поднесување на барање за необјавување на ценовно чувствителни информации во проспектот на издавачот на хартии од вредност ; 7. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за соджината на барањето за одобрение за издавање на хартии од вредност по пат на јавна понуда; 8. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на известувањето за исходот на јавната понуда на хартии од вредност; 9. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за содржината на известувањето за затворање на јавната понуда на хартии од вредност по основ на постигнат процент на успешност; 10. Правилник за изменување и дoполнување на Правилникот за формата и содржината на актот за издавање на хартии од вредност по видови на хартии од вредност; 11. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката на давање согласност за именување на директор на депозитар на хартии од вредност ; 12. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката на давање согласност за именување директор на овластено правно лице за вршење услуги со хартии од вредност ; 13. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката за давање согласност за именување на директор на берза; 14. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за дополнителните информации кои треба да ги содржи барањето за издавање на дозвола за работење на брокерска куќа ; 15. Правилник за содржината на месечниот извештај за работењето на овластено правно лице со дозвола за работење на хартии од вредност; 16. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржинaтa нa барањето за одобрување на приватна понуда на хартии од вредност; 17. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за содржината, начинот и роковите за поднесување на барање за изземање од обврската за доставување на годишен, полугодишен, тримесечен и тековен извештај по барање на акционер или друго заинтересирано лице; 18. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начин и време на запишување и бришење на акционерско друштво, содржина и начин на водење, ажурирање на податоците и пристап на јавноста до регистарот на АДПОИ ; 19. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за подетално пропишување на условите и потребната документација за исполнување на условите за овластен ревизор кој дава мислења во постапка за одобрување на зделка со заинтересирана страна; 20. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за содржината, начинот на водење и постапката за запишување на овластените ревизори во Регистарот на овластени ревизори кои даваат мислење во постапка на одобрување на зделка со заинтересирана страна ; 21. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и соджината на соопштението за издавање на хартии од вредност по пат на приватна понуда; 22. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на известувањето за запишани и платени хартии од вредност од приватна понуда и на известувањето за реализација на приватна понуда на хартии од вредност ; 23. Правилник за обновување на дозволата за работење на брокер; 24. Правилник за структурата и начинот на пресметка на основната главнина на друштво за инвестиционо советување; 25. Правилник за формата и содржината на барањето што се поднесува за дозвола за основање на берза; 26. Правилник за износот, видот, одржувањето и начинот на пресметка и контрола на ликвидните средства на друштвата за инвестиционо советување со дозвола за работење добиена од Комисијата за хартии од вредност; 27. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на Регистарот на инвестициски фондови и начинот на утврдување на идентификацискиот број на инвестицискиот фонд ; 28. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на барањето за добивање на одобрение за избор на депозитарна банка ; 29. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за потребна документација која се приложува како доказ за исполнување на условите за именување на членови на управниот одбор односно извршни членови на одборот на директори на друштво за управување со инвестициски фондови ; 30. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на проспектот на отворен и затворен инвестициски фонд ; 31. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на скратена форма на проспектот на отворен инвестициски фонд ;

Инвестициски фондови

Во мај, Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови АД Скопје доби согласност од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија да организира нов отворен инвестициски фонд - КД Топ Брендови. Според инвестициските цели и политика, Фондот првенствено е наменет за вложувачи со среднорочен или долгорочен вложувачки хоризонт и умерена толеранција на ризикот, кои сакаат да ги постигнат своите инвестициски цели, диверзифицирајќи го своето портфолио на глобално ниво. Временскиот период кој е препорачлив за вложување во КД Топ Брендови е најмалку пет години. Хартиите од вредност каде што Фондот ќе ги инвестира средствата предвидено е да бидат од издавачи чие седиште,односно претежна дејност се врши на територијата на следниве земји: Република Македонија,држави во Европа кои се членки на ЕУ, ОЕЦД или ЦЕФТА и земји надвор од Европа чии регулирани пазари на хартии од вредност се членки на Светската федерација на берзи WFE.

Согласности за директори на овластени учесници на пазарот на хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде согласност лицето Томо Томовски да биде именуван за вршител на должност – директор на брокерската куќа Иново Брокер АД Скопје. Мандатот на Томовски му трае шест месеци и оваа функција ќе ја врши до 10 ноември, 2014 година.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во мај , вкупно активни акционерски друштва беа 18. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери, освен друштвата котирани на берза.

Спроведени контроли

Во мај, Комисијата за хартии од вредност секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал во мај спроведе две контроли и тоа една редовна и една вонредна контрола.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Секторот за супервизија на пазарот на капитал постапуваше по едно барања за заштита на акционерско право.



За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA