На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Во јуни вкупно активни акционерски друштва се 143. Во Регистарот што го води Комисијата за хартии од вредност се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 ЕВРА во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.
Комисијата за хартии од вредност и во јуни секојдневно on-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 2 (две) редовни контроли. Предмет на контролата беше: документацијата од реализирани берзански трансакции; книгата на налози; висината на ликвидниот капитал пропишан со закон; водењето на парични средства на посебна сметка на клиентите; ревидираните и поништени трансакции во изминатиот период; придржување кон налозите на клиентите и кон правилата на берзанското работење и брокерската етика и.т.н.
Во јуни Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше контролната функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ во јуни доставени се 12 (дванаесет) барања за заштита на акционерски права. Некои акционери не се согласуваат со обештетувањето при деноминација на акции. Дел од поплаките пак се однесуваат на несогласување со бројот на акции во електронскиот запис во книгите на акции во Централниот депозитар АД и на прекршување на берзанските процедури на тргување.
Во текот на јуни продолжи Првата обука за инвестициски советници. Исто така, се организираше полагање на испитот за Првиот модул , при што од вкупно 84 кандидати кои го полагаа , дури 79 постигнаа позитивни резултати.
Комисијата за хартии од вредност во јуни пред јавноста го презентираше Годишниот извештај за работењето на КХВ во деловната 2006 година кој чека на усвојување од страна на Парламентот.
Од 11 јуни до 15 истиот месец, претставници на Европската комисија беа во оценска мисија на финансискиот сектор во Република Македонија. Преку обиколка на повеќе институции меѓу кои Комисијата за хартии од вредност го скенираа пазарот на капитал, банкарството и осигурувањето. Мониторингот врз Комисијата за хартии од вредност како регулатор на пазарот на хартии од вредност го вршеа Jośe Manuel Portero- Comisiόn National del Mercado de Valores и Evžen Št'astnỳ -Czech National Bank. Главна тема на состаноците со европретставниците беше законската регулатива на пазарот на хартии од вредност, како се имплементира во пракса и дали во неа се вградени принципите на IOSCO. Претседателот на Комисијата за хартии од вредност Проф.Д-р Весна Пендовска на 11 јуни присуствуваше на средбата меѓу претставниците на мисијата на Светската банкa и македонскиот владин тим што се одржа во Владата на РМ. Што се однесува до реформите на пазарот на капитал беше констатирано дека се остварува напредок со планираната динамика, при што за дел од овие реформи средства се обезбедени преку грант од холандската техничка помош. КХВ ја продолжи соработката со Светската банка околу изработката на Акциониот план за имплементација на Стратегијата за спроведување на Законот за хартии од вредност во периодот 2007-2012 година. Претставници на КХВ на 25 јуни присуствуваа на презентирањето на поглавјата од Националната програма за усвојување на Acquis на Европската унија. При презентацијата на поглавјето ,,Финансиски услуги,, беше потенцирано дека Стратегијата за зајакнување на улогата и функцијата на КХВ треба да биде базирана на ризици кои се детектирани врз основа на преглед на минатите спроведени активности и откриени проблеми со кои се соочува КХВ. Исто така, Комисијата за хартии од вредност во наредниот период треба да ги идентификува областите и учесниците на пазарот на хартии од вредност за кои постои најголема веројатност да бидат извори на прекршоци и измами во работењето со хартии од вредност.