На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на КХВ
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Предлог годишни извештаи на КХВРСМ
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури и стручна литература
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Извештај на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ( КХВ на РМ) за април 2014 г.
06.05.2014

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Секторот за супервизија на пазарот на капитал постапуваше по три барања за заштита на акционерско право.

Подзаконски акти

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во април усвои неколку правилници и истите ги стави на јавна расправа. Станува збор за : 1. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на барањето за добивање одобрение за организирање на отворен инвестициски фонд; 2. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот, постапката и потребната документација за добивање дозвола за работење на друштвото за управување со инвестициски фондови; 3. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за потребната документација за добивање согласност за стекнување на квалификувано учество во друштво за управување со инвестициски фондови ; 4. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на барањето за добивање одобрение за основање на затворен инвестициски фонд ; 5. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот, постапката и потребната документација за добивање дозвола за основање на подружница на странско друштво за управување со инвестициски фондови во Република Македонија; 6. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на Регистарот на инвестициски фондови и начинот на утврдување на идентификациски број на инвестициоскиот фонд; 7. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на барањето за добивање на одобрение за избор на депозитарна банка; 8. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за потребна документација која се приложува како доказ за исполнување на условите за именување на членови на управниот одбор односно извршни членови на одборот на директори на друштво за управување со инвестициски фондови ; 9. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на проспектот на отворен и затворен инвестициски фонд; 10. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на скратената форма на проспектот на отворен инвестициски фонд.

Решенија за емисии на акции

Во април, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија донесе Решение со кое на Реплек АД Скопје му даде одобрение да продаде сопствени акции и тоа 1.580 обични акции во вкупен износ од 71.100.000 денари. Сопствените акции кои се предмет на продажба претставуваат 8,0246% од основната главнина на Друштвото. Продажбата на сопствени акции се врши по пат на приватна понуда наменета за познат купувач – правното лице СИТИКО Антонио ДООЕЛ Скопје.

Супервизорски активности

Во април, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде согласност на измените и дополнувања на Статутот на ДУИФ Иново Статус АД Скопје.

Согласности за директори на овластени учесници на пазарот на хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде согласност на лицето Дарко Сима да биде именуван за директор на Дирекцијата за работа со хартии од вредност при ТТК Банка АД Скопје.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

КХВ донесе решение за бришење на Акционерското друштво Рудници и Железарница СКОПЈЕ-ФАМОРД Фабрика за машинска опрема и резервни делови од Регистарот на АДПОИ. Инаку, во април, вкупно активни акционерски друштва беа 19. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери, освен друштвата котирани на берза.

Дозволи за брокер

Во април, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија обнови една дозвола за работење со хартии од вредност и тоа на Тања Поповска.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал во април спроведе три вонредни контроли.

Санкции

А) Брокерски куќи Врз основа на член 194 став 1, 3 и 5, член 197 став 1 алинеи в) и ѓ) и став 2 алинеја а) и член 206 став 1 алинеи г) и д) од Законот за хартии од вредност, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија трајно му ја одзема согласноста за директор на лицето Велимир Шиповиќ, одговорно лице (директор) на брокерската куќа Иново брокер АД Скопје и изрече привремена забрана на брокерската куќа Иново брокер АД Скопје за вршење на сите услуги со хартии од вредност за кои има добиено дозвола од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, во времетраење од 30 работни дена. Оваа санкција, КХВ ја изрече поради: - непочитување на Правилата за тргување на Македонската берза АД Скопје, и на Законот за хартии од вредност, поради изготвување налози за продавање на акции издадени од Фершпед АД Скопје во блок трансакција за вкупно 34 клиенти, во периодот од 24.12.2013 година до 25.12.2013 година, врз основа на изготвени договори за купопродажба на акции, кои се потпишани само од едната страна-продавачите и во кои не е познат купувачот и - непочитување на Правилата за работа на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје и на Законот за хартии од вредност, поради извршени резервации на акции издадени од Фершпед АД Скопје за 81 акционер од кои нема примено налози за продавање, односно за 81 акционер за кои нема евидентирано налози за продавање во книгата на налози, во периодот од 01.12.2013 година до 26.12.2013 година. Б) Брокери Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија им изрече јавна опомена на овластените брокери Тони Павловски и Владимир Спасовски, вработени во Комерцијална банка АД Скопје-Дирекција за вршење услуги со хартии од вредност поради непочитување на Правилата за работа на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје. В) Акционерски друштва Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија донесе решениja со кои задолжи неколку правни и физички лица со следново: - Друштвото Раде Кончар Контактори и релеи ДОО Скопје во рок не подолг од 6 месеци од денот на правосилноста на Решението да продаде 5112 акции кои ги поседува во друштвото Раде Кончар Апаратна Техника АД Скопје, на кои им е ограничено правото на глас и дивиденда; - Друштвото Раде Кончар Заеднички дејности ДОО Скопје во рок не подолг од 6 месеци од денот на правосилноста на Решението да продаде 691 акција кои ги поседува во друштвото Раде Кончар Апаратна Техника АД Скопје, на кои им е ограничено правото на глас и дивиденда. - Лицето Злате Поповски во рок не подолг од 6 месеци од денот на правосилноста на Решението да продаде 3 акции кои ги поседува во друштвото Раде Кончар Апаратна Техника АД Скопје, на кои им е ограничено правото на глас и дивиденда; - Лицето Горан Јанчиќ во рок не подолг од 6 месеци од денот на правосилноста на Решението да продаде 1 акција која ја поседува во друштвото Раде Кончар Апаратна Техника АД Скопје, на која и е ограничено правото на глас и дивиденда. Доколку физичките и правните лица не постапат по Решенијата, по нивната правосилност, продажбата на акциите ќе ја спроведе Комисијата согласно член 57 и член 58 од Законот за преземање на акционерски друштва.



За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA