На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на КХВ
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури и стручна литература
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Извештај на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ( КХВ на РМ) за јануари 2014
06.02.2014

Подзаконски акти

По завршена јавна расправа, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во јануари усвои неколку правилници и тоа: 1.Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за критериумот за рангирање на субдепозитарна банка на инвестициски фонд; 2.Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за заедничко дејствување; КХВ усвои и неколку предлог Правилници кои потоа ги стави на јавна расправа со цел јавноста да ги каже своите коментари и забелешки, по што повторно истите ќе се најдат на дневен ред. Станува збор за следните Предлог-Правилници: 1.Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на податоците за издадените хартии од вредност ; 2.Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за содржината на известувањето за затворање на јавната понуда на хартии од вредност по основ на постигнат процент на успешност; 3.Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на известувањето за исходот на јавната понуда на хартии од вредност ; 4.Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот,содржината и роковите за поднесување на барање за необјавување на ценовно чувствителни информации во проспектот на издавачот на хартии од вредност; 5.Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката за запишување на хартии од вредност ; 6.Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на актот за издавање на хартии од вредност по видови на хартии од вредност; 7.Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за содржината на барањето за одобрение за издавање на хартии од вредност по пат на јавна понуда; 8.Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на барањето за одобрување на приватна понуда на хартии од вредност ; 9.Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на барањето за основање на депозитар на хартии од вредност; 10.Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката за давање согласност за именување на директор на депозитар на хартии од вредност; 11.Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за определување на задолжителната структура и начинот на пресметка на основната главнина на берза и на средствата што ја сочинуваат основната главнина на берзата; 12.Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката за давање согласност за именување на директор на берза; 13.Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за дополнителните информации кои треба да ги содржи барањето за издавање на дозвола за работење на брокерска куќа; 14.Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката за давање согласност за именување на директор на овластено правно лице за вршење услуги со хартии од вредност; 15.Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за утврдување на катериориите на сопствени средства и начинот на пресметување на износот и структурата на влоговите при основање и средстватаод активата на овластено правно лице со кои треба да располага и во континуитет; Инаку, измените на поголемиот дел од овие правилници се вршат за да им се овозможи на странките да потпишуваат документи со квалификуван дигитален сертификат.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во јануари,вкупно активни акционерски друштва се 19. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери, освен друштвата котирани на берза.

Дозволи за брокер

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија издаде една дозвола за работење со хартии од вредност и тоа на Даниела Трајковска, вработена во Комерцијална банка АД Скопје.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе пет вонредни контроли.

Санкции

А) Брокерски куќи - На барање на брокерската куќа "Алта Виста Брокер" АД Скопје, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија трајно и ја одзема дозволата за вршење на услуги со хартии од вредност. Одземањето на дозволата е поради донесена Одлука за престанок со работа на "Алта Виста Брокер" АД Скопје од страна на Собранието на акционери на брокерската куќа. Истовремено, со трајното одземање на дозволата за работа на "Алта Виста Брокер" АД Скопје се исполнуваат условите за отворање на ликвидација на брокерската куќа, за што Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија поведе постапка пред надлежниот суд. - Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на брокерската куќа "Илирика Инвестментс" АД Скопје привремено ѝ забрани да врши услуги со хартии од вредност, во времетраење од 15 работни дена, бидејќи ги прекршила Законот за хартии од вредност, Правилата за тргување на Македонската берза и Правилата за работа на Централниот депозитар за хартии од вредност. Имено, брокерската куќа се обидела да реализира купопродажни налози кои не биле уредно потпишани од клиентот, не ја одржувала структурата на основната главнина согласно прописите и вршела увид во сметките на хартии од вредност на клиенти, без да поседува уредни полномошна за увид и резервација од страна на имателите на сметките.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Секторот за супервизија на пазарот на капитал постапуваше по две барања за заштита на акционерско право.



За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA