На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на КХВ
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури и стручна литература
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Извештај на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија за декември 2013
08.01.2014

Подзаконски акти

По завршена јавна расправа,Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во декември усвои неколку правилници и тоа: Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формaтa и содржинaтa нa проспектот и покaнaтa зa зaпишувaње и уплaтa нa хaртии од вредност ; Усвојување на Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за документите што ги доставува издавачот на хартии од вредност при поднесување на барањето за одобрение за јавна понуда на хартии од вредност; Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на годишните, полугодишните и тековните извештаи, материјали за акционерски собранија и извештај за сопственост на АДПОИ кои се водат во Регистарот на КХВРМ; Правилник за начинот и постапката за вршење контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност; КХВ усвои и Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за утврдување на категориите на сопствени средства и начинот на пресметување на износот и структурата на влоговите при основање и средствата од активата на овластено правно лице со кои треба да располага и во континуитет, кој е од времен карактер. Овој акт, Комисијата го стави на јавна расправа со цел јавноста да ги каже своите коментари и забелешки, по што повторно истиот ќе се најде на дневен ред пред КХВ.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во декември,вкупно активни акционерски друштва се 19. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери освен друштвата котирани на берза;

Согласности на директори на овластени учесници на пазарот на хартии од вредност

КХВ даде согласност Горан Марковски и Андреј Пулејков да бидат именувани за извршни членови на Одборот на директори на Друштвото за управување со инвестициски фондови "КБ Публикум Инвест"АД Скопје. Горан Марковски ја врши функцијата Главен извршен директор на "КБ Публикум Инвест" АД Скопје, а Андреј Пулејков извршен директор. Во декември, Комисијата даде согласност Катерина Илиќ Нонкуловска да биде именувана за директор на Дирекцијата за работи со хартии од вредност и брокерско-посреднички услуги на "Стопанска банка" АД Скопје, а Горан Поповски да биде помошник директор на Дирекцијата. Катерина Илиќ Нонкуловска и Горан Поповски добија мандат од три години.

Решенија по Законот за преземање на акционерските друштва

КХВ донесе решение со кое го ограничи правото на глас и правото на дивиденда на 2.735 обични акции со право на глас на издавачот "Жито Караорман" АД Кичево во сопственост на лицето Сретен Миладиноски.Овие акции претставуваат 24,749 % од вкупниот број обични акции со право на глас од "Жито Караорман" АД Кичево. Ваквото решение КХВ го донесе бидејќи лицето Сретен Миладиноски акциите ги стекнал заедно со лице кое дејствувало заеднички со него, без да дадат јавна понуда за откуп, што му било обврска согласно Законот за преземање на акционерските друштва. Затоа, Комисијата го задолжи лицето Сретен Миладиноски во рок не подолг од шест месеци да ги продаде акциите на кои им се ограничува правато на глас и на дивиденда. Исто така, Комисијата му забрани на "Жито Караорман" АД Кичево да врши исплата на дивиденда на акциите на лицето Сретен Миладиноски. Комисијата го задолжи Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје веднаш по приемот на решението да го евидентира ограничувањето на правото на глас и правото на дивиденда на сметката на хартии од вредност на лицето Сретен Миладиноски.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе три редовни и две вонредни контроли.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Секторот за супервизија на пазарот на капитал постапуваше по четири барања за заштита на акционерско право.



За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA