На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на КХВ
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури и стручна литература
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Извештај на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија (КХВ на РМ) за октомври 2013
05.11.2013

Подзаконски акти

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија по завршена јавна расправа ги усвои следните Правилници: 1. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на годишните, полугодишните и тековните извештаи, материјали за акционерски собранија и извештај за сопственост на АДПОИ кои се водат во Регистарот на КХВРМ 2. Правилник за условите кои треба да ги исполнуваат хартиите од вредност за замена; Исто така, КХВ го усвои Правилникот за начинот и постапката за вршење надзор на правни и физички лица. Овој правилник, Комисијата го стави на јавна расправа со цел пошироката јавност да ги каже своите забелешки, предлози и сугестии, по што истиот повторно ќе се најде на дневен ред на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.

Решенија за емисии на акции

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде одобрение ТТК Банка АД Скопје да продаде сопствени акции по пат на јавна понуда. Предмет на понудата се 24.092 обични акции кои претставуваат 2,65 проценти од вкупниот број на издадени акции од ТТК Банка АД Скопје. Номиналната вредност е 1.000 денари по акција. Оттуѓувањето на сопствените акции се реализира на Македонската берза АД Скопје согласно моделот на минимална цена, при што приоритет се дава на налозите со повисока цена и порано време на внес на налогот. Минимална продажна цена е 727 денари по акција. Јавната понуда ќе се смета за успешна, доколку се оттуѓат најмалку шеесет проценти од понудените акции во Проспектот. Инаку, продажбата на сопствените акции, ТТК Банка АД Скопје ја врши врз основа на Законот за банки според кој сопствените акции мора да се оттуѓат во рок од една година од денот на стекнувањето.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија донесе решение за бришење на друштвото Живинарска фарма Белимбегово АД Скопје од Регистарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе две редовни и една вонредна контрола.

Санкции

А) Брокерски куќи На барање на брокерската куќа ,,Мој брокер" АД Скопје, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија трајно и ја одзема дозволата за вршење на услуги со хартии од вредност. Одземањето на дозволата за работа е поради донесена Одлука на Собранието на акционери на ,,Мој брокер" АД Скопје со која брокерската куќа престанува да врши услуги со хартии од вредност. Истовремено, со трајното одземање на дозволата за работа на Мој брокер АД Скопје се исполнуваат условите за отворање на ликвидација на брокерската куќа, за што Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ќе поведе постапка пред надлежниот суд. Комисијата согласно Законот за хартии од вредност ќе ги задолжи Македонската берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје веднаш по приемот на решението од КХВ трајно да ја исклучат од членство брокерската куќа Мој брокер АД Скопје. Б) Друштва за управување со инвестициски фондови Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија донесе Решение со кое го задолжи Друштвото за управување со инвестициски фондови ,,Иново Статус" АД Скопје во рок од 30 дена да отпочне постапка преку која ќе се овозможи друштвото да прибави средства со цел во иднина самостојно и од сопствени средства да ги намирува достасаните обврски. Имено, ,,Иново Статус" АД Скопје има акумулирано значајни вкупни загуби од работењето и не остварува доволни приходи од своето оперативно работење за покривање на расходите.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Секторот за супервизија на пазарот на капитал постапуваше по две барања за заштита на акционерско право.

Обуки

А) Работилница Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, Стопанската комора на Македонија, ИФЦ, Секретаријатот за економски прашања, образование и истражување на Швајцарија и Институтот на директори организираа работилница насловена "Зошто и како вашето друштво со ограничена одговорност да го преобразите во aкциoнерско друштво". Работилницата имаше за цел да ги поттикне друштвата со ограничена одговорност да се трансформираат во акционерски друштва и да емитираат акции и корпоративни обврзници преку кои полесно, побрзо, поефикасно и поефтино ќе дојдат до потребните финансиски средства за реализација на своите бизнис проекти. Со ова ќе заживее пазарот на капитал и ќе се збогати понудата на хартии од вредност. Б) Семинар Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија организираше Семинар "Пазарот на капитал во Македонија - состојби, предизвици и перспективи" што се одржа на 25-26 октомври, 2013 година во хотелот ,,Сириус,, во Струмица. Присуствуваа Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, М-р Елизабета Чингаровска, вработените во Стручната служба на КХВ, Главниот извршен директор на Македонската берза АД Скопје, Иван Штериев, Извршниот директор на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје Елена Јакимовска Петровска, директорите на брокерските куќи и банките кои имаат дозвола за работење со хартии од вредност во земјава, како и првите луѓе на друштвата за управување со инвестициски фондови . Целта на средбата беше анализа на состојбата на пазарот на хартии од вредност и размена на идеи, проблеми и прашања со кои се соочуваат овластените учесници, за да се утврди на кој начин може Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија да помогне за подобрување на моменталните состојби на пазарот.



За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA