На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на КХВ
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури и стручна литература
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Извештај на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија (КХВ на РМ) за август/септември
01.10.2013

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе две редовни и една вонредна контрола.

Супервизорски активности

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде согласност Велимир Шиповиќ да биде именуван за директор на брокерската куќа Иново Брокер АД Скопје со мандат од четири години.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Секторот за супервизија на пазарот на капитал постапуваше по четири барања за заштита на акционерско право.

Меѓународна соработка

Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на РМ, М-р Елизабета Чингаровска учествуваше на овогодинешната 38-ма Годишна Конференција на Меѓународната Организација на Комисиите за хартии од вредност (International Organization of Securities Commissions - IOSCO) која се одржа во Луксембург, во периодот од 15-19 септември. Ова беше можност на едно место да се сретнат релевантните светски креатори на политики и одлуки и претставници од супервизорските тела на пазарите на капитал и хартии од вредност. Исто така, Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија беше панелист на една од дебатите на Милочерски развоен форум "Економска криза, образование и вработување на млади луѓе" кој го организираше Асоцијацијата на економисти на Република Црна Гора.

Соработка со други институции

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и Советот за унапредување и надзор на ревизијата потпишаа Меморандум за соработка. Со овој документ се овозможува меѓусебна размена на информации и податоци со кои располагаат Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и Советот за унапредување и надзор на ревизијата , а кои можат да го унапредат работењето на двете институции.

Подзаконски акти

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија по завршена јавна расправа ги усвои следните Правилници: Правилник за документацијата што се поднесува кон барањето за издавање дозвола за понуда за преземање ; Правилник за содржината на проспектот за преземање; Исто така, КХВ усвои пет Предлог-правилника и тоа: 1. Правилник за начинот и постапката за вршење контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност " 2. Правилник за критериумите за утврдување на заедничко дејствување " 3. Правилник за условитe кои треба да ги исполнуваат хартиите од вредност за замена 4. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формaтa и содржинaтa нa проспектот и покaнaтa зa зaпишувaње и уплaтa нa хaртии од вредност (од времен карактер); 5. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за документите што ги доставува издавачот на хартии од вредност при поднесување на барањето за одобрение за јавна понуда на хартии од вредност (од времен карактер); Овие правилници Комисијата ги стави на јавна расправа со цел пошироката јавност да ги каже своите забелешки, предлози и сугестии, по што предложените акти повторно ќе се најдат на дневен ред на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

КХВ донесе решение за бришење на едно акционерско друштво од Регистарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување, поради прием на котација на официјалниот пазар на Македонска берза АД Скопје на подсегментот задолжителна котација.



За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA