На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Во мај , Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија го разгледа и усвои следниов предлог Правилник: 1. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за критериумот за рангирање на субдепозитарна банка на инвестициски фонд; Овој Правилник е објавен на веб страницата на КХВ за јавна расправа каде што пошироката јавност може да ги истакне своите забелешки и сугестии. Исто така, по завршена јавна расправа, КХВ во мај ги усвои следниве Правилници : 1. Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начин и време на запишување и бришење на акционерско друштво, содржина и начин на водење, ажурирање на податоците и пристап на јавноста до Регистарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување (Службен весник на Република Македонија бр. 6/2007 и 31/2011); 2. Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на годишните, полугодишните, тримесечните и тековните извештаи, резимето од годишните извештаи, материјали за акционерски собранија на акционерските друштва со посебни обврски за известување кои се водат во Регистарот на Комисијата за хартии од вредност (Службен весник на РМ бр. 112/2008, бр. 31/2011 и бр. 31/2012);
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во мај на САФЕ ИНВЕСТ МАКЕДОНИЈА АД Скопје му одобри да издаде втора емисија на акции по пат на приватна понуда. Со втората емисија, САФЕ ИНВЕСТ МАКЕДОНИЈА АД Скопје издава 3.500 обични акции со номинална вредност од 10 евра по акција, која истовремено претставува и продажна вредност по акција. Вкупниот износ на емисијата е 35.000 евра. Акциите од втората емисија се наменети за познатиот купувач - Друштво за ревизија, процена и финансиски консалтинг АТМ Ревизија Славица ДООЕЛ Скопје.Согласно Одлуката за зголемување на основната главнина на САФЕ ИНВЕСТ МАКЕДОНИЈА АД Скопје, емисијата се врши заради исполнување на услов за добивање на лиценца од Агенцијата за супервизија на осигурување за вршење на осигурително брокерски работи.
Во мај, вкупно активни акционерски друштва се 107. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија обнови неколку дозволи за брокер и тоа на: 1. Филип Петрушевски; 2. Кирил Настоски; 3. Владимир Спасовски;
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија обнови три лиценци за инвестициски советник . Станува збор за лицата: 1. Емилија Брљамова ; 2. Кирил Настоски ; и 3. Коста Костадиновски .
Во мај , КХВ даде согласност на измените и дополнувањата на Правилата за тргување и на Правилата за однесување и дисциплина на Македонска берза АД Скопје.
Комисијата за хартии од вредност и во мај секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе 2 ( две) редовни и 3(три) вонредни контроли на овластени учесници на пазарот на хартии од вредност.
Претставници на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во периодот од 12-17 мај 2013 година учествува на работни состаноци во организација на Агенцијата за пазарот на хартии од вредност во Република Словенија. Тема-имплементација на Директивата за преземање на акционерски друштва и останатите релевантни европски директиви во областа на пазарот на капитал во нивното законодавство.Оваа посета на Агенцијата за пазарот на хартии од вредност во Република Словенија е под покровителство на Европската Комисија-Директоратот за проширување преку TAIEX Програмата.