На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на КХВ
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури и стручна литература
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Извештај на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија за април 2013 година
09.05.2013

Подзаконски акти

Во април, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ги разгледа и утврди следните предлог Правилници: 1. Предлог Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начин на потврдување на прифаќање на налог за тргување со хартии од вредност; 2. Предлог Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за постапката за обновување на дозволата за работење на инвестиционен советник; Овие два Правилника се објавени на веб страницата на КХВ за јавна расправа каде што пошироката јавност може да ги истакне своите забелешки и сугестии. Исто така, по завршена јавна расправа, КХВ во април ги усвои следниве Правилници : 1. Правилник за содржината, начинот на водење и постапката за запишување на овластените ревизори во Регистарот на овластени ревизори кои даваат мислење во постапка на одобрување на зделка со заинтересирана страна; 2. Правилник за поблиску пропишување на условите и потребната документација која се приложува како доказ за исполнување на условите за овластен ревизор за давање мислења во постапка за одобрување на зделка со заинтересирана страна; 3. Правилник за содржината и формата на мислењето што овластениот ревизор го дава во постапка на одобрување на зделка со заинтересирана страна; и 4. Правилник за дополнување на Правилникот за начинот и условите за обука и полагање на посебен стручен испит за инвестиционо советување.

Решенија за емисии на акции

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во април на Реплек АД Скопје му одобри продажба на сопствени акции по пат на приватна понуда. Со ова, Реплек АД Скопје продаде 1.000 обични акции во вкупен износ од 36.500.000 денари. Сопствените акции кои се предмет на продажба претставуваат 4,1195 % од основната главнина на Друштвото.

Преземање на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија донесе Решение со кое се утврдува за успешна понудата за откуп на акции издадени од Фабрика Карпош АД Скопје, а дадена од Градежен Институт Македонија АД Скопје. Врз основа на оваа понуда, Градежен Институт Македонија АД Скопје се стекна со вкупно 85.679 обични акции, кои обезбедуваат учество од 28,64 % од акциите со право на глас од Фабрика Карпош АД Скопје. Имено, понудата за откуп ја прифатиле 34 сопственици на обични акции. Со ова, условот за успешност на понудата за откуп од 11% од обичните акции издадени од Фабрика Карпош АД Скопје е исполнет. Понудувачот ги откупи хартиите од вредност по цена од 180 денари за една акција.Со хартиите од вредност што ги стекна со оваа понуда и акциите кои ги поседуваше пред давање на истата, Градежен Институт Македонија АД Скопје располага со 53,64% од вкупниот број издадени акции.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во април, вкупно активни акционерски друштва се 107. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Супервизорски активности

- Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ги одобри измените и дополнувањата на Статутот на Друштвото за управување со инвестициски фондови КБ Публикум Инвест АД Скопје. Со корекциите, се врши промена на адресата на Друштвото и се впишува новата висина на основната главнина, која произлегува од неодамна реализираната втора емисија на акции по пат на приватна понуда за познат купувач. - На барање на Иново Брокер АД Скопје, а по спроведена вонредна контрола на кадровската, техничката и организационата оспособеност на брокерската куќа, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ја прошири дозволата за работење со хартии од вредност на Иново Брокер АД Скопје и дозволи да дејствува и како покровител при котација.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во април секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе четири редовни и две вонредни контроли на овластени учесници на пазарот на хартии од вредност.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Секторот за супервизија на пазарот на капитал во април постапуваше по 1(едно) барање за заштита на акционерско право.

Меѓународна соработка

Во април, претставник на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија учествуваше на деветтиот состанок на Поткомитетот за економско-финансиски прашања и статистика, во рамки на Европската комисија кој се одржа во Брисел.На состанокот беше презентиран напредокот на Република Македонија во однос на економско финасиските прашања и статистиката, а особено во однос на следното: случувањата во однос на фискалната политика, економските и монетарни случувања, генералната економска состојба, управувањето со јавен долг, трендовите на странските директни инвестиции, развојот на пазарот на труд, односите на РМ со меѓународните финансиски институции (ИФИс), реформите за подобрување на деловната клима во РМ, зајакнувањето на конкурентноста на економијата, промоцијата и заштитата на инвестициите, финансиската контрола, развојот и реформите во финансискиот сектор, и други прашања. Исто така, претставници на КХВ учествуваа на работни состаноци во организација на ЦНМВ- Република Шпанија, во врска со нивното искуство за: постапката за издавање на корпоративни и општински обврзници; имплементација на Директивата за проспектот; имплементацијата на Директивата за преземање на акционерски друштва; имплементација на Директивата за транспарентност и континуирани обврски за објавување на податоци и.т.н.



За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA