На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ги разгледа и утврди следните предлог Правилници: 1. Предлог-Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начин и време на запишување и бришење на акционерско друштво, содржина и начин на водење, ажурирање на податоците и пристап на јавноста до Регистарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување (Службен весник на Република Македонија бр. 6/2007 и 31/2011); 2. Предлог-Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на годишните, полугодишните, тримесечните и тековните извештаи, резимето од годишните извештаи, материјали за акционерски собранија на акционерските друштва со посебни обврски за известување кои се водат во Регистарот на Комисијата за хартии од вредност (Службен весник на РМ бр. 112/2008, бр. 31/2011 и бр. 31/2012)
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија донесе Решение со кое ја утврди како успешна понудата за откуп на акции издадени од Акционерското друштво за осигурување и реосигурување КЈУБИ Македонија Скопје, дадена од Виена Иншуренс Груп АГ Винер Ферзихерунг Групе, Република Австрија. Врз основа на оваа понуда, Виена Иншуренс Груп АГ Винер Ферзихерунг Групе се стекна со вкупно 666.496 обични акции кои обезбедуваат учество од 92,89635 % од вкупниот број на акции со право на глас издадени од Акционерското друштво за осигурување и реосигурување КЈУБИ Македонија Скопје. Подетално, понудата за откуп ја прифатиле 384 иматели на вкупно115%, US 585.679,обични акции на Акционерското друштво за осигурување и реосигурување КЈУБИ Македонија Скопје, како и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија кој продаде 45 обични акции и 80.817 приоритетни акции. Со ова, условот за успешност на понудата да биде прифатена од акционери кои поседуваат најмалку 73,51% од обичните акции со право на глас е исполнет. Австрискиот инвеститор ги откупи хартиите од вредност по цена од 2001,22 денари по акција. Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на Градежен Институт Македонија АД Скопје му даде дозвола да ги откупи сите акции издадени од Фабрика Карпош АД Скопје, Акционерско друштво за проектирање, производство и монтажа на бетонски префабрикати, станови, индустриски објекти, мостови и далноводи-Скопје. Понудата за откуп се однесува на 224.334 обични акции со право на глас издадени од Фабрика Карпош АД Скопје. Понудувачот се обврза да ги откупи хартиите од вредност по цена од 180 денари за една акција. Најмалата количина на хартии од вредност што треба да се прифати, за понудата за откуп да се смета за успешна е 11 % од вкупниот број на обични акции со право на глас,односно 32.903 обични акции.
Во март , вкупно активни акционерски друштва се 115. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.
Во март, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија обнови три дозволи за работење на инвестициски советник и тоа на лицата: Андреј Пулејков; Весна Каркинска; и Емилија Вукичевиќ.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде согласност на Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје. Покрај постојните Супер котација и Берзанска котација, со новите Правила за котација се воведуваат уште два подсегменти на Официјалниот пазар и тоа Задолжителна котација и Котација на мали акционерски друштва. Како критериуми за котирање на подсегментот Задолжителна котација се предвидени ревидирани финансиски извештаи за последните две години, номинален капитал во износ од 1.000.000 евра, најмалку 1% распространетост на родот на акциите во јавноста и најмалку 50 акционери. Акционерските друштва кои ги исполнуваат овие услови, задолжително ќе котираат во период од пет години. Како критериуми за подсегментот Котација на мали акционерски друштва се предвидени ревидирани финансиски извештаи за последната година и најмалку 250.000 евра капитал. Основната цел на воведувањето на уште два подсегменти на Официјалниот пазар е преку зголемена транспарентност на долг рок да се стимулира поголема понуда на нови хартии од вредност, а се во насока да се раздвижи пазарот на хартии од вредност, да се обезбеди поголема атрактивност за потенцијалните инвеститори, како и да се постигне поголема ликвидност на пазарот на капитал.
Комисијата за хартии од вредност и во март секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе една вонредна контрола на овластен учесник на пазарот на хартии од вредност.
Секторот за супервизија на пазарот на капитал во март постапуваше по 4(четири) барања за заштита на акционерско право.