На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на КХВ
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури и стручна литература
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Извештај на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија (КХВ на РМ) за февруари 2013год
04.03.2013

Подзаконски акти

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ги разгледа и утврди следните предлог Правилници: Предлог Правилник, за содржината, начинот на водење и постапката за запишување на овластените ревизори во Регистарот на овластени ревизори кои даваат мислење во постапка на одобрување на зделка со заинтересирана страна; Предлог Правилник за поблиску пропишување на условите и потребната документација која се приложува како доказ за исполнување на условите за овластен ревизор за давање мислења во постапка за одобрување на зделка со заинтересирана страна; и Правилник , за содржината и формата на мислењето што овластениот ревизор го дава во постапка на одобрување на зделка со заинтересирана страна. Овие Предлог-Правилници се објавени на веб-страницата на КХВ за јавна расправа.

Решенија за емисии на акции

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на Друштвото за управување со инвестициски фондови КБ Публикум Инвест АД Скопје му даде одобрение да издаде втора емисија на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда. Се работи за 200 обични акции со вкупна вредност на емисијата од 200.000 евра. Зголемувањето на основната главнина на Друштвото се реализира со уплата на нови парични влогови од страна на постојниот акционер Комерцијална банка АД Скопје како институционален инвеститор и тоа за обезбедување услови за непречено вршење на редовното работење на Друштвото и за постигнување на законски предвидената адекватност на капиталот. Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија донесе Решение со кое на Акционерското друштво за осигурување Винер Лајф - Виена Иншуранс Груп АД Скопје му ја одобри третата емисија на акции по пат на приватна понуда. Со третата емисија, Акционерското друштво за осигурување Винер Лајф - Виена Иншуранс Груп АД Скопје издаде 1.000 обични акции, со продажна цена од 1.000 евра по акцијa. Третата емисија на акции на Друштвото се врши по пат на зголемување на основната главнина со парични влогови и е наменета за единствениот акционер-институционален инвеститор Vienna Insurance Group AG Wiener Versicherung Gruppe, Република Австрија.

Преземање на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на Виена Иншуренс Груп АГ Винер Ферзихерунг Групе и даде дозвола да ги откупи сите акции издадени од Друштвото за осигурување и реосигурување КЈУБИ Македонија АД Скопје. Понудата за откуп се однесува на 636.645 обични акции со право на глас и на 80.817 приоритетни акции, сите издадени од Осигурување КЈУБИ Македонија АД Скопје. Австрискиот понудувач се обврзува да ги откупи хартиите од вредност по цена од 2.001,22 денари за една акција. Виена Иншуренс Груп АГ Винер Ферзихерунг Групе на сметка на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје има депонирано паричен износ кој е потребен за плаќање на сите хартии од вредност на кои се однесува понудата. Најмалата количина на хартии од вредност што треба да се прифати, за понудата за откуп да се смета за успешна е 73,51 % од обичните акции.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

A. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Согласности на директори на овластени учесници на пазарот на хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде согласност Иван Штериев да биде именуван за Главен Извршен директор на Македонската берза АД Скопје, со мандат од 4 години.

Дозволи за брокери

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија обнови една дозвола за работење на брокер и тоа на Александар Домазетовски.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Секторот за супервизија на пазарот на капитал во февруари постапуваше по 5 (пет) барања за заштита на акционерско право.



За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA