На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и даде одобрение на Алфа банка АД Скопје да издаде десетта емисија на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда. Станува збор за 2.562 обични акции со вкупен износ од 307.440.000,00 денари. Емисијата се реализира со нови парични влогови од страна на единствениот акционер АЛПХА БАНК А.Е Република Грција како институционален инвеститор и тоа заради зголемување на основната главнина и обезбедување на оптимална адекватност на капиталот на Банката. Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на Кроациа Осигурување АД - Друштво за осигурување на живот Скопје му даде одобрение за продажба на сопствени акции по пат на приватна понуда. Станува збор за 750 обични акции, во вкупен износ од 78.750 евра. Приватната понуда е наменета за познат купувач и тоа за осигурителното друштво Кроациа Осигурување д.д. Загреб, кој е постојан акционер и е институционален инвеститор. Согласно одлуката на Собранието на акционери на Кроациа Осигурување АД - Друштво за осигурување на живот Скопје, сопствените акции се продаваат заради прибирање на парични средства.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во декември донесе Решение со кое се утврдува за успешна понудата за откуп на обичните акции издадени од Единство АД Тетово, а дадена од Пофикс ДОО Тетово.Со ова, Пофикс ДОО Тетово стана доминантен сопственик на Единство АД Тетово. Понудата за откуп ја прифатиле 53 сопственици на обични акции,кои доставиле изјави за вкупно 651.322 обични акции, што претставуваат 74,00495 проценти од вкупниот број на издадени обични акции од Единство АД Тетово. Инаку,понудата за откуп се однесуваше на 880.106 обични акции со право на глас и 7.445 приоритетни акции, сите издадени од Единство АД Тетово.Пофикс ДОО Тетово како понудувач, хартиите од вредност ги откупи по цена од 145 денари по акција.
Во декември, вкупно активни акционерски друштва се 147. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.
Илирика Кеш Фонд е новиот отворен инвестициски фонд кој доби одобрение за организирање од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.Со фондот управува Друштвото за управување со инвестициски фондови Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје. Според Проспектот, инвестициската цел на Фондот е зголемување на вредноста на имотот, остварување на постојан раст на вредноста на уделот и високо ниво на сигурност при вложувањето. Затоа, Друштвото планира да ги вложува средствата од имотот на Фондот претежно во портфолио на нискоризични должнички хартии од вредност и инструменти на пазарот на пари. Хартиите од вредност каде што Фондот ќе ги инвестира средствата предвидено е да бидат од издавачи чие седиште, односно претежна дејност се врши на територијата на следниве земји:Република Македонија, земји членки на ЕУ и ОЕЦД и земји кои не се членки на ЕУ и ОЕЦД (Хрватска, Босна и Херцеговина,Србија,Црна Гора, Албанија,Украина). Илирика Кеш Фонд е десетти отворен инвестициски фонд во Република Македонија.
Комисијата за хартии од вредност и во декември секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе 8 редовни контроли на овластени учесници на пазарот на хартии од вредност.
На барањето на ДУИФ Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје за измени и дополнување на Статутот, проспектот и Скратената форма на проспектот на Илирика Југоисточна Европа Комисијата за хартии од вредност даде согласност на истите. Исто така , виза од Комисијата добија и измените и дополнувањата на Статутот, проспектот и Скратената форма на проспектот на Илирика Глобал Растечки Пазари.
Секторот за супервизија на пазарот на капитал во декември постапуваше по 1(едно) барање за заштита на акционерско право.
Спротивно на Законот за преземање на акционерските друштва постапила брокерската куќа Илирика Инвестментс АД Скопје, која иако имала увид во сметката на клиентот, не го одбила барањето за извршување на налогот даден од Градежен Институт Македонија АД Скопје за купување на акции од Фабрика Карпош АД Скопје, со чија реализација е прекршен Законот за преземање на акционерските друштва. Заради тоа, КХВ поведе прекршочна постапка против брокерската куќа Илирика Инвестментс АД Скопје. Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија донесе решение со кое на Градежен Институт Македонија АД Скопје му го ограничи правото на глас и на дивиденда на 57.422 обични акции со право на глас на издавачот Фабрика Карпош АД Скопје кои Градежен Институт Македонија АД Скопје ги стекнал спротивно на Законот за преземање на акционерски друштва. Овие акции на Градежен Институт Македонија АД Скопје му носат учество во правото на глас повеќе од 25% . КХВ го задолжи Градежен Институт Македонија АД Скопје да ги понуди на продажба акциите на кои им е ограничено правото на глас и на дивиденда во рок не подолг од 90 дена КХВ поведе прекршочна постапка против Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, поради основано сомневање дека сторил повреда на Законот за преземање на акционерските друштва и извршил порамнување на трансакција, склучена спротивно на одредбите на Законот за преземање на акционерските друштва, а со акции на издавачот Фабрика Карпош АД Скопје.