На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Годишен извештај
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Извештај на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија за октомври 2012 год.
08.11.2012

Решенија за емисии на акции

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија му дозволи на Тутунски Комбинат АД Прилеп да издаде трета емисија на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда. Станува збор за 637.778 обични акции во вредност од 32.609.589,14 евра. Акциите од третата емисија се издаваат по продажна цена која е еднаква на нивната номинална вредност. Емисијата по пат на приватна понуда се врши на тој начин што Република Македонија ги презема акциите од новата емисија, а побарувањата по основ на јавни давачки што државата ги има кон Тутунски Комбинат АД Прилеп ги претвора во трајни влогови во друштвото. На овој начин се намалува долгот кој Тутунски Комбинат АД Прилеп го има кон Република Македонија по основ на јавни давачки. Оваа постапка се спроведува согласно Законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во друштвата АД Органско хемиска индустрија Наум Наумовски –Борче АД Скопје, Тутунски Комбинат АД Прилеп и Друштво за производство на производи со посебна намена 11 Октомври-Еурокомпозити АД Прилеп. КХВ даде одобрение Македонски енергетски ресурси АД Скопје да ја зголеми основната главнина преку издавање на 2.430 нови обични акции со вкупна продажна вредност од 243.000 евра. Втората емисија на акции е наменета за постојниот акционер-Влада на Република Македонија, а истата се врши заради создавање услови за непречно функционирање, како и можности за проширување на дејноста на друштвото.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во октомври, вкупно активни акционерски друштва се 146. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Дозволи за брокери

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија му ја обнови дозволата за работење како брокер на лицето Горан Поповски, вработен во Стопанска Банка АД Скопје-Дирекција за работа со хартии од вредност и брокерско - посреднички услуги.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во октомври секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе три вонредни контроли.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Секторот за супервизија на пазарот на капитал во октомври постапуваше по 3 (три) барања за заштита на акционерски права.

Санкции

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија трајно и ја одзема дозволата за вршење на услуги со хартии од вредност на брокерската куќа Битола Брокер АД Битола, поради донесена одлука за престанок со работа на брокерската куќа од страна на Собранието на акционери. Истовремено, со трајното одземање на дозволата за работа на Битола Брокер АД Битола се исполнија условите за отворање на ликвидација на брокерската куќа, за што Комисијата поведе постапка пред надлежниот суд. Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија согласно Законот за хартии од вредност ги задолжи Македонската берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје веднаш по приемот на решението од КХВ трајно да ја исклучат од членство брокерската куќа Битола Брокер АД Битола.

Меѓународна соработка

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во периодот од 30 - 31 октомври 2012 година учествуваа на конференција на темаIndependence of Financial Sector Regulators: Reemphasized (from the perspective of the EU integration and the lessons learned from the recent global financial crisis) во организација на - Албанија во Тирана, Република Албанија.



За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA