На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Годишен извештај
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Извештај на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија за септември 2012 година
02.10.2012

Решенија за емисии на акции

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на Халк банка АД Скопје и даде одобрение да издаде единаесетта емисија на долгорочни хартии од вредност. Целта поради која се издаваат акциите од емисијата е зголемување на основната главнина на Халк банка АД Скопје заради статусна промена-присоединување на Зираат банка АД Скопје кон Халк банка АД Скопје. Со единаесеттата емисија на акции, Халк банка АД Скопје издава 100.954 обични акции, со вкупна продажна вредност од 1.009.540.000 денари. Оваа емисија на Халк банка АД Скопје се реализира како приватна понуда, бидејќи е наменета за институционалниот инвеститор - Т.Ц.Зираат банкаси А.С. Туркеѕ, кој е единствен акционер на Зираат банка АД Скопје. Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на САВА Осигурување АД Скопје му ја одобри шесттата емисија на акции по пат на приватна понуда. Друштвото треба да издаде 7.326 обични акции, со вкупна продажна вредност од 123.000.877 денари. Купувачот на хартиите од вредност од емисијата е познат и станува збор за институционалниот инвеститор и постојан акционер - Позаваровалница САВА д.д. Љубљана, Република Словенија. Шесттата емисија на САВА Осигурување АД Скопје се врши заради зголемување на основната главнина на друштвото со цел да се подобри финансиското работење и да се зајакне позицијата на компанијата на осигурителниот пазар во наредниот период. В) Акционерски друштва Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија му дозволи на Акционерското друштво Македонски железници ТРАНСПОРТ АД Скопје да издаде 4.697.989 обични акции во износ од 4.697.989.000 денари.Акциите од втората емисија се обични и се издаваат по продажна цена која е еднаква на нивната номинална вредност. Емисијата по пат на приватна понуда се врши на тој начин што Република Македонија ги презема акциите од новата емисија, а побарувањата по основ на платени обврски кон странски кредитори и странски железнички претпријатија што државата ги има кон Македонски железници ТРАНСПОРТ АД Скопје ги претвора во влогови во друштвото. На овој начин ќе се измири вкупниот доспеан долг на МЖ ТРАНСПОРТ АД Скопје кон Владата на Република Македонија. Постапката се спроведува согласно Законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на платени обврски кон странски кредитори и странски железнички претпријатија во траен влог во МЖ ТРАНСПОРТ АД Скопје.

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во септември, вкупно активни акционерски друштва се 146. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.

Согласности на директори на овластени учесници на пазарот на хартии од вредност

А) Брокерски куќи Сашо Дракуловски доби согласност да биде директор на брокерската куќа Еурохаус АД Скопје во наредните четири години. Овој кандидат и досега беше на челната позиција во Еурохаус АД Скопје. Б) Друштва за управување со инвестициски фондови Јован Дојчиновски доби согласност да биде именуван за извршен член на Одборот на директори на Друштвото за управување со инвестициски фондови Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје. Со наименување на Дојчиновски, се пополнува второто испразнето место на Извршен директор во друштвото. Мандатот на Јован Дојчиновски трае до ноември 2013 година.

Дозволи за брокери

КХВ обнови три дозволи за работење на брокер и тоа на : 1) Михајло Брова Зиков , вработен во Комерцијална банка АД Скопје-Дирекција за вршење на услуги со хартии од вредност; 2) Ирена Каневче , вработена воКомерцијална Банка АД Скопје - Дирекција за вршење на услуги со хартии од вредност; и 3) Ана Кралева, вработена воЦентрална кооперативна банка АД Скопје-Служба за работа со хартии од вредност.

Спроведени контроли

Комисијата за хартии од вредност и во септември секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе три редовни контроли на овластени учесници на пазарот на хартии од вредност.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Секторот за супервизија на пазарот на капитал во септември постапуваше по 2 (две) барања за заштита на акционерски права.



За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA