На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на Капитал Банка АД Скопје и даде одобрение да ја издаде четвртата емисија на долгорочни хартии од вредност по пат на јавна понуда. Станува збор за 4.000 обични акции, со вкупна продажна вредност од 123.324.000 денари. Четвртата емисија на акции, Капитал банка АД Скопје ја врши заради зголемување на капиталот на банката и обезбедување на оптимална адекватност на капиталот во наредниот период. Јавната емисија е успешна, доколку се запишат и уплатат најмалку 60% од понудените акции од четвртата емисија, односно 2400 обични акции.
Во август, вкупно активни акционерски друштва се 146. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.
Во август, КХВ даде согласност Евита Иванова да биде именувана за Извршен директор на Македонската берза АД Скопје, со што се пополни второто директорско место во друштвото. Согласно Одлуката на Одборот на директори на Македонската берза АД Скопје, мандатот на Евита Иванова трае до 23 декември 2012 година.
Комисијата за хартии од вредност и во август секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во август изрече јавна опомена на овластен брокер, вработен во брокерската куќа Пеон Брокер АД Скопје. Ваква мерка, КХВ донесе по спроведената непосредна контрола над работењето со хартии од вредност на брокерската куќа при што утврди прекршување на Законот за хартии од вредност и на Правилата за тргување на Македонската берза АД Скопје. Имено, брокерот доследно не ги почитувал инструкциите на клиентот при давање и внес на налогот во Берзанскиот електронски систем на тргување на Македонската берза АД Скопје, со што сторил неправилност.