На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Во јули, вкупно активни акционерски друштва се 146. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата. Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија го одби како неосновано барањето на Стопанска банка АД Скопје да биде ослободена од обврската за обелоденување на ценовно чувствителна информација во врска со поведена судска постапка пред Врховниот суд во државата Њујорк, САД, а чија вредност е над 5% од вредноста на капиталот на банката. Комисијата ја задолжи Стопанска банка АД Скопје како акционерско друштво со посебни обврски за известување да постапи согласно Законот за хартии од вредност и Правилникот за времето и начинот на обелоденување на ценовни чувствителни информации на АД со посебни обврски за известување. Имено, КХВ утврди дека со објавувањето за започнатата судска постапка не би се загрозиле значајните деловни интереси на Стопанска банка АД Скопје, не е во спротивност на јавниот интерес и е од корист за инвеститорите при носењето правилна инвестициска одлука.
КД Кеш Депозит е новиот отворен инвестициски фонд кој доби одобрение за основање од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.Основач на фондот е Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови АД Скопје. Според Проспектот, инвестициската цел на Фондот е зголемување на вредноста на имотот, остварување на постојан раст на вредноста на уделот и високо ниво на сигурност при вложувањето. Затоа, Друштвото планира да ги вложува средствата од имотот на Фондот претежно во портфолио на нискоризични должнички хартии од вредност и инструменти на пазарот на пари. Хартиите од вредност каде што Фондот ќе ги инвестира средствата предвидено е да бидат од издавачи чие седиште, односно претежна дејност се врши на територијата на следниве земји:-Република Македонија, земји членки на ЕУ и ОЕЦД; -Земји од Јужна и Источна Европа (Хрватска, Босна и Херцеговина,Србија,Црна Гора, Албанија, Украина) и -БРИК земји (Бразил, Русија, Индија и Кина). Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови АД Скопје освен со новиот КД Кеш Депозит, управува и со уште два инвестициски фонда и тоа КД Брик и КД Јужен Балкан.
Во јули, КХВ даде една дозвола за инвестициски советник и тоа на лицето Огнен Тилиќ.
КХВ не му даде согласност на лицето Ристо Биткоски да биде именуван за извршен член, односно Извршен директор на Друштвото за управување со инвестициски фондови Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде согласност на измените и дополнувањата на Статутот, Проспектот и на Скратената форма на проспектот на отворениот инвестициски фонд КБ Публикум-Обврзници со кој управува Друштвото за управување со инвестициски фондови “КБ Публикум Инвест “ АД Скопје.
Комисијата за хартии од вредност и во јули секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе една вонредна контрола на овластен учесник на пазарот на хартии од вредност.
Секторот за супервизија на пазарот на капитал во јули постапуваше по 2 (две) барања за заштита на акционерски права.