На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во февруари издаде четири решенија за емисии на акции и тоа на : 1.Акционерското друштво за осигурување Винер Лајф Виена Иншуренс Груп Скопје да издаде втора емисија на акции по пат на приватна понуда. Со тоа, Винер Лајф Виена Иншуренс Груп Скопје издава 300 обични акции со вкупен износ на емисијата од 300.000 евра. Втората емисија на акции, акционерското друштво за осигурување ја врши по пат на зголемување на основната главнина со парични влогови, а е наменета за институционалниот инвеститор - единствениот акционер Vienna Insurance Group AG Wiener Versicherung Gruppe, Република Австрија. Преку емисијата, Винер Лајф Виена Иншуренс Груп Скопје има цел да го зајакне капиталот на друштвото и да го усогласи работењето со Законот за супервизија на осигурување. 2. Органско Хемиската Индустрија"Наум Наумовски Борче" АД Охис Скопје да издаде 74.907 обични акции во вредност од 3.829.920 евра. Акциите од третата емисија се обични и се издаваат по продажна цена која е еднаква на нивната номинална вредност. Емисијата по пат на приватна понуда се врши на тој начин што Република Македонија ги презема акциите од новата емисија, а побарувањата по основ на позајмици и финансиска помош што ги има Охис АД Скопје ги претвора во влогови во друштвото, односно со внесување на непарични влогови. На овој начин се намалува долгот кој Охис АД Скопје го има кон државата по основ на позајмици и финансиска помош. Постапката се спроведува согласно Законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на позајмици во траен влог во Друштвото АД Органско хемиска индустрија"Наум Наумовски-Борче" АД Скопје. 3. Прокредит Банка АД Скопје да издаде 357.351 обични акции по пат на приватна понуда. Вкупната вредност на четвртата емисија на акции е 3.000.000 евра. Емисијата на Прокредит Банка АД Скопје се врши заради прибирање на финансиски средства потребни за извршување на активностите на банката. Акциите се наменети за двајца познати купувачи-институционални инвеститори.И тоа: Прокредит Холдинг, кој ќе купи 312.682 акции, со вкупна продажна вредност од 2.625.000 и Eвропската банка за обнова и развој, која ќе купи 44.669 акции со продажна вредност од 375.000 евра. 4. Евроинс Осигурување АД Скопје ;да издаде шеста емисија на акции по пат на приватна понуда, наменета за институционалниот инвеститор - Евроинс Иншуранс Груп ЕАД. Друштвото издава 1.000 обични акции, а вкупниот износ на емисијата изнесува 31.500.000 денари.
Во февруари ,вкупно активни акционерски друштва се 150. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.
КХВ во февруари обнови една лиценца за работење на брокер и тоа на лицето Зоран Мајнов.
КХВ даде три дозволи за инвестициски советници и тоа на лицата Михајло Брова Зиков, Владимир Спасовски и на Тони Костов, сите вработени во Комерцијална банка АД Скопје.
Комисијата за хартии од вредност и во февруари секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведеедна вонредна контрола на брокерска куќа.
Секторот за супервизија на пазарот на капитал во февруари постапуваше по 2 (две) барања за заштита на акционерски права.
Во февруари, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија беше домаќин на Работилница на регулатори на пазарите на капитал во регионот. Ваквиот еминентен собир во овие клучни моменти за пазарите на хартии од вредност беше организиран во соработка со УСАИД - Partners for financial Stability и на Меѓународната организација на Комисиите за хартии од вредност - IOSCO. Тема на работилницата беше влијанието на светската економска криза врз пазарите на хартии од вредност, имплементација на IOSCO принципи, регионална соработка и интеграција на пазарите на хартии од вредност, консолидација на небанкарски финансиски регулатори. На средбата учествуваа Марина Наќева Кавракова, Претседател на Комисија за хартии од вредност на РМ,Isabel Pastor, Senior advisor IOSCO, Robert Singletary, USAID"s Partners for Financial Stability (PFS), Зоран Чировиќ, Претседател на Комисија за хартии од вредност на Република Србија, Дамјан Жугељ, Претседател на Комисија за хартии од вредност на Република Словенија, Зоран Џикановиќ, Претседател на Комисија за хартии од вредност на Црна Гора и Raluca Tariuc, Директор на директорат за ЕУ интеграција и меѓународна соработка во Комисија за хартии од вредност на Романија, како и други релевантни личности од пазарите за хартии од вредност во регионот. Работилницата беше дводневна и се одржа на 16 и 17 февруари, 2012 Скопје.
Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија Марина Наќева Кавракова учествуваше на ERC Mobile Seminar Training Program 2012 on "New Financial Products:Their Regulatory Challenges and IOSCO acutes Response" lшто се одржа во периодот 22-24 февруари 2012 година во Никозија, Кипар.