На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во јануари гo усвои Правилникот > за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на годишните, полугодишните, тримесечните и тековните извештаи, резимето од годишните извештаи, материјали за акционерски собранија и извештај за сопственост на акционерските друштвата со посебни обврски за известување кои се водат во Регистарот на Комисијата за хартии од вредност. Овој акт е објавен на веб страната на КХВза јавна расправа, со цел сите засегнати страни да ги кажат своите забелешки и сугестии.
Во јануари, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје и ја одобри деветнаесеттата емисија на акции по пат на приватна понуда. Со тоа, Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје ќе издаде 184.200 обични акции. Продажната цена по акција е 5.000 денари, а вкупната вредност на емисијата е 921.000.000 денари. Деветнаесеттата емисија на акции, банката ја врши за зголемување на капиталот со парични влогови, а е наменета за институционалниот инвеститор - постојан акционер Steiermarkishe Bank und Sparkassen AG, Република Австрија.Преку емисијата, Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје има цел да прибере акционерски капитал кој ќе може да го пласира во долгорочни инвестициски и станбени кредити. Исто така, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови АД Скопје му ја одобри третата емисија на акции по пат на приватна понуда. Се издаваат нови 15.300 обични акции, со вкупен износ од 153 илјади евра. Третата емисија е наменета за познати купувачи од кои еден постојан акционер на ДУИФ-от како институционален инвеститор и еден нов инвеститор кој е физичко лице. Зголемувањето на основната главнина на Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови АД Скопје е заради создавање реални услови за адекватност на капиталот.
Во јануари, вкупно активни акционерски друштва се 152. Како што е познато, во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.
Комисијата за хартии од вредност и даде претходна согласност на Еуростандард банка АД Скопје да стекне квалификувано учество во Македонска берза АД Скопје, односно да се стекне со акции со право на глас, кои заедно со акциите кои претходно ги поседува сама и заедно со поврзаните лица претставуваат вкупен кумулативен износ,кој не надминува 20 проценти од вкупно издадените акции со право на глас од Македонска берза АД Скопје. Имено, Еуростандард банка АД Скопје ќе купи нови 216 обични акции, што претставува 7,74 проценти од обичните акции на Македонска берза АД Скопје. Еуростандард банка АД Скопје, со акциите што ќе ги стекне врз основа на барањето за добивање на согласност за квалификувано учество и со акциите што претходно ги поседува со поврзаните Поштенска банка АД Скопје и Поштел Брокер АД Скопје, ќе има вкупно 414 обични акции со право на глас на Македонска берза АД Скопје, односно 14,38 проценти од обичните акции со право на глас на издавачот.
Комисијата даде согласност Ѓорѓи Палевски да биде именуван за директор на брокерската куќа Поштел Брокер АД Скопје за мандат од четири години, а Искра Костова за директор на брокерската куќа Бро Дил АД Скопје за период од четири години.
Комисијата за хартии од вредност на РМ обнови и една дозвола за работење како брокер и тоа на Гордан Јанкуловски.
КХВ на Друштвото за управување со инвестициски фондови Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје му одобри да врши уште две нови услуги согласно Законот за инвестициски фондови и тоа: управување со средства за сметка на индивидуален клиент- сопственик на портфолио и работи на инвестициско советување. Со ова, ДУИФ Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје ја проширува дозволата за работа.
Комисијата за хартии од вредност и во jануари секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе 2 (две) контроли и тоа една на Македонската берза АД Скопје и една на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје.
Секторот за супервизија на пазарот на капитал во јануари постапуваше по 1 (едно) барање за заштита на акционерски права.
Во јануари, претставници на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ја следеаRegional Capital Market Development - Enforcement and Oversight Training Programme" .Едукативниот семинарсе одржаво Малта и тоа во периодот од 23 до 26 јануари 2012 година.