На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
По завршена јавна расправа , Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во декември усвои два Правилника и тоа: 1.Правилник за изменување и дополнување на правилникот за критериумот за рангирање на субдепозитарна банка на инвестициски фонд и 2. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на барањето за одобрување на приватна понуда на хартии од вредност.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на Друштвото за трговија и услуги "Тобако" АД Скопје му одобри емисија на акции по пат на јавна понуда. Предмет на понудата се 200 илјади обични акции, со минимална продажна цена од 617 денари по акција. Доколку, оваа јавна емисија биде успешна, Друштвото за трговија и услуги "Тобако" АД Скопје ќе го исполни условот да биде запишано во Регистарот на Комисијата за хартии од вредност на друштва со посебни обврски за известување.
Во декември, вкупно активни акционерски друштва се 154. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.
КХВ во декември му ја обнови дозволата за брокер на Степан Стефановски.
Во декември, КХВ им издаде уверенија за инвестициско советување на Петар Велкаврх и на Јанко Тренковски.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија трајно и ја одзема дозволата за вршење на услуги со хартии од вредност на брокерската куќа "Ауктор и Хита Брокери" АД Скопје , поради донесена одлука за престанок со работа на брокерската куќа од страна на Собранието на акционери. Истовремено, со трајното одземање на дозволата за работа на "Ауктор и Хита Брокери" АД Скопје се исполнуваат условите за отворање на ликвидација на брокерската куќа, за што Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ќе поведе постапка пред надлежниот суд.
A ) Акционерски друштва со посебни обврски за известување Комисијата за хартии од вредност на РМ одби да ја ослободи "Стопанска банка" АД Битола од обврската за обелоденување на ценовно чувствителна информација во врска со поведена судска постапка,чија висина изнесува повеќе од 5 % од вредноста на капиталот на банката. Во барањето до КХВ, "Стопанска банка " АД Битола објаснува дека јавното објавување на информација та би влијаело лошо на репутацијата на банката и врз инвеститорската јавност и пазарот на хартии од вредност. Комисијата како институција која се грижи за транспарентност на пазарот на хартии од вредност оцени дека објавувањето на ценовно чувствителната информација е во интерес на инвеститорите и е битна за донесување на правилна инвестициска одлука и затоа го одби барањето на "Стопанска банка" АД Битола.
Претставник на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија учествуваше на Годишната Конференција на Европскиот Регионален Комитет на Меѓународната организација на Комисиите за хартии од вредност -IOSCO што се одржа на 15 декември 2011 година во Брисел, Белгија.