На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Динев Брокер АД Скопје е новата брокерска куќа која во септември доби дозвола за работа од Комисијата за хартии од вредност. Оваа брокерска куќа е регистрирана со основна главнина од 75.100 евра во денарска противвредност, поделена на 3.004 обични акции со номинална вредност од 25 евра по акција. Согласно член 94 од Законот за хартии од вредност, оваа членка на пазарот на капитал ќе купува и ќе продава хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот, ќе дејствува како покровител при котација и ќе има можност да врши инвестициско советување. Со Динев Брокер АД Скопје раководи Ленин Прцуловски.
Комисијата за хартии од вредност издаде десет дозволи за работење на брокер. И тоа на: 1.Крсте Шајноски 2.Габриела Јовева 3.Мате Стојановски 4.Ангел Пејков 5.Јанка Димитрова 6.Благој Митров 7.Блаже Митревски 8.Тамара Анчева Крстева 9.Катерина Нонкуловска 10. Даниела Новеска
Комисијата за хартии од вредност даде согласност Маја Ивановска да биде именувана за директор на Дирекцијата за работа со хартии од вредност на Силекс банка АД Скопје.
Во септември вкупно активни акционерски друштва беа 144. Во Регистарот што го води Комисијата за хартии од вредност се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 ЕВРА во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.
Комисијата за хартии од вредност и во септември секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 3 (три) редовни контроли. Предмет на контролата беше: документацијата од реализирани берзански трансакции; книгата на налози; висината на ликвидниот капитал пропишан со закон; водењето на парични средства на посебна сметка на клиентите; ревидираните и поништени трансакции во изминатиот период; придржување кон налозите на клиентите и кон правилата на берзанското работење и брокерската етика и.т.н. Исто така, беа извршени и 2 (две) вонредни контроли.
Во септември Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 8 (осум) барања за заштита на акционерски права. Дел од акционерите се жалат на повреда на берзанските процедури на тргување и бараат проверка на трансакции реализирани на Македонската берза АД. Некои поплаки пак, се однесуваат на несогласување со бројот на акции во електронскиот запис во книгите на акции во Централниот депозитар АД Скопје.
"Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување во КХВ-Поголема транспарентност и навремено објавување на финансиските податоци " беше темата на која се дискутираше на четирите работилници што Комисијата за хартии од вредност ги организираше во соработка со USAID - Проект за деловно опкружување и Меѓународната финансиска корпорација IFC. Вакви работилници беа одржани две во Скопје и по една во Битола и во Струмица. Целта е друштвата да сфатат дека објавувањето податоци и обезбедувањето транспарентност за инвеститорите не е само законска обврска, туку и начин на промоција пред потенцијалните инвеститори. Почетокот на едукативната кампања го означи Претседателот на Комисијата за хартии од вредност Марина Наќева-Кавракова која се обрати на првата работилница во Скопје. Таа рече: Финансиските извештаи што се доставуваат во Регистарот им овозможуваат на инвеститорите да ги проценат економските перформанси на едно друштво во минатото и неговата финансиска состојба во сегашноста. На тој начин вели Претседателот на Комисијата за хартии од вредност Марина Наќева-Кавракова се дава подобра проценка на ризиците и на бенефитите од вложувањата, како и заштита на сопствените интереси. Исто така, во септември се одржа полагањето на на II модул од стручниот испит за инвестициско советување.
За можностите за натамошно продлабочување на соработката меѓу Комисијата за хартии од вредност и Меѓународната финансиска корпорација IFC , а со цел да се зајакне капацитетот на Комисијата за хартии од вредност како независно и самостојно регулаторно тело на пазарот на капитал , разговараа Претседателот на Комисијата за хартии од вредност Марина Наќева-Кавракова и Регионалниот директор на Проектот за корпоративно управување Juan Carlos Fernandez Zara при Меѓународната финансиска корпорација IFC на средбата што се оствари на 20 септември. Преку техничка помош од страна на странски консултанти што се очекува во иднина да ја обезбеди IFC ќе се усоврши контролната функција на Комисијата во пресрет на започнувањето со работа на инвестициските фондови во Република Македонија.