На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата за хартии од вредност во септември го разгледа Предлог Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и условите за обука и полагање на посебен стручен испит за инвестиционо советување. Предлог Правилникот е ставен на јавна расправа.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на брокерската куќа Еурохаус АД Скопје и одобри да издаде 60.000 обични акции по пат на јавна понуда. Продажната цена по акција е 62 денари, а вкупната вредност е 3.720.000 денари. Втората емисија на Еурохаус АД Скопје се врши заради зголемување на капиталот на брокерската куќа и обезбедување на средства за непречено обавување на дејноста на работењето на друштвото во наредниот период. Комисијата одобри на Прехранбена Индустрија Благој Ѓорев АД Велес да продаде 60.753 сопствени обични акции по поединечна продажна цена од 400 денари. Купувачи на акциите се шест правни лица и тоа по две од Скопје и од Велес, и по едно од Штип и од Холандија. Сопствените акции кои се предмет на оттуѓување претставуваат 11,77% од основната главнина на друштвото.
Во септември, вкупно активни акционерски друштва се 154. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.
Комисијата даде согласност Маја Ивановска Стефановска да биде именувана за директор на Службата за работа со хартии од вредност на Централна кооперативна банка АД Скопје за мандат од четири години.
На седницата беа обновени дозволите за работење на брокер на лицата Емилија Брљамова и Александар Николов.
Во септември, КХВ издаде една лиценца за инвестициски советник и тоа на Зоран Христовски.
КХВ ги задолжи Друштвото за управување со инвестициски фондови Иново Статус АД Скопје и Друштвото за управување со инвестициски фондови Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје во рок не подолг од 30 дена да пристапат кон усогласување на вложувањата, согласно предвидената инвестициска политика наведена во проспектите на фондовите.
Секторот за супервизија на пазарот на капитал во септември спроведе една вонредна контрола и тоа на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје.
Секторот за супервизија на пазарот на капитал во септември постапуваше по три барањ а за заштита на акционерски права.
А) Акционерски друштва со посебни обврски за известување Поради утврдена капитална, роднинска и управувачка поврзаност кај определени акционери на АД Раде Кончар Апаратна техника Скопје, Комисијата за хартии од вредност го одзема правото на глас и на дивиденда на обичните акции кои се стекнати спротивно на Законот за преземање на акционерски друштва. КХВ ги задолжи лицата кои ги поседуваат ваквите акции да ги понудат на продажба во рок не подолг од 90 дена, а против нив ќе се поднесат и прекршочни пријави. Комисијата за хартии од вредност на РМ одби да ја ослободи НЛБ Тутунска банка АД Скопје од обврската за обелоденување на ценовно чувствителна информација во врска со поведена судска постапка ,чија висина изнесува повеќе од 5 % од вредноста на капиталот на банката. Во дописот до КХВ, НЛБ Тутунска банка АД Скопје објаснува дека со објавување на ваква информација долгорочно би се загрозил деловниот интерес, а посредно и материјалниот на банката зашто сама по себе претставува сериозен репутационен ризик, но и потенцијална опасност за воспоставување пракса за поведување на беспредметни спорови од страна на несовесни договорни страни. Комисијата како институција која се грижи за транспарентност на пазарот на хартии од вредност оцени дека објавувањето на ценовно чувствителната информација е во интерес на инвеститорите и е битна за донесување на правилна инвестициска одлука и затоа го одби барањето на НЛБ Тутунска банка АД Скопје.
Во септември, Претседателот на КХВ на РМ Марина Наќева Кавракова престојуваше во Милочер-Република Црна Гора во периодот од 12-15 септември 2011 година, каде учествуваше на XIX Регионален Милочерски Развоен Форум "Балкан и ЕУ" во организација на Комисијата за хартии од вредност на Република Црна Гора Комисијата со свој претставник зема учество и на конференцијата"Conference of International Takeover Regulators - Takeovers, Mergers & Acquisitions" во организација на "The Austrian Takeover Commission" што се одржа во периодот од 07-09 септември 2011 година во Виена, Aвстрија. Претставник на Комисијата за хартии од вредност на РМ во периодот од 29 септември до 01 октомври 2011 година учествуваше на 36-ти Пленарен состанок на MONEYVAL, Комитетот на кој се бранеше Вториот Извештај за напредокот на системот за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам од последниот круг на евалуација.