На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, во мај по завршена јавна расправа ги усвои следните правилници: 1.Правилник за потребната дополнителна документација за добивање согласност за стекнување на квалификувано учество во брокерска куќа, берза на хартии од вредност или депозитар; 2.Правилник за формата, содржината и начинот на издавање и одземање на службена легитимација ; 3. Правилник за хартиите од вредност и другите финансиски инструменти во кои може да се вложуваат средствата на клиентот при вршење на услугата управување со портфолио по налог и за сметка на индивидувален клиент;
КХВ во мај ја одобри деветтата емисија на долгорочни хартии од вредност на Клириншката куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје по пат на приватна понуда. Станува збор за 2.662 обични акции со вкупна вредност од 26.620.000 денари. Деветтата емисија се врши од средства на друштвото, така што акционерите наместо дивиденда во пари ќе добијат акции и тоа сразмерно на нивното учество во основната главнина на Клириншката куќа КИБС АД Скопје.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на Дуропак ГмбХ Виена, Република Австрија му издаде дозвола да даде понуда за откуп на сите акции, издадени од Комуна АД Скопје. Станува збор за 260.452 обични акции со право на глас и 18.548 приоритетни кумулативни акции. Дуропак ГмбХ Виена, Република Австрија се обврзува да ги откупи хартиите од вредност по цена од 495 денари (околу 8 евра) по акција. Понудувачот има депонирано 2.254.780 евра на девизната сметка на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, износ, кој е потребен за плаќање на сите хартии од вредност на кои се однесува понудата. Рокот за прифаќање на понудата за откуп изнесува 45 дена од денот на првото објавување на извадокот од Проспектот и на понудата за откуп, а акциите треба да се платат во рок од 8 дена по приемот на решението на Комисијата за хартии од вредност за успешност на понудата.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во мај ја обнови дозволата за работење на еден брокер, вработен во брокерската куќа "Битола Брокер" АД Битола.
а) Македонска берза АД Скопје Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде согласност на измените и дополнувањата на Правилата за тргување на Македонската берза АД Скопје, со кои се воведуваат т.н. маркет мејкери, односно поддржувачи на ликвидност. Маркет мејкерот создава пазар за одредена хартија од вредност, така што во Бест системот на Берзата внесува лимитирани куповни и продажни налози за хартијата од вредност и склучува трансакции врз основа на тие налози во рамките на класичното тргување. На тој начин, маркет мејкерите придонесуваат да се зголемат обемот на тргувањето, ликвидноста на хартијата и длабочината на пазарот, а се намалува распонот во цените на поединечните хартии од вредност. Исто така, КХВ даде согласност на измените и дополнувањата на Правилата за котација на Македонската берза АД Скопје, со кои се подигнуваат стандардите за обелоденување на ценовно чувствителните информации од страна на котираните друштва. Со овие корекции, Правилата за котација се усогласуваат со измените и дополнувањата на Законот за трговски друштва. б) Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје Во мај, Комисијата даде согласност на измените и дополнувањата на Статутот на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје. Со нив: се дава можност акционер на ЦДХВ да се стекне со акции без ограничување, доколку ги исполни утврдените законски услови за квалификувано учество, наспроти сегашниот максимум од 15 %,се воведува можност ЦДХВ освен со државни хартии од вредност да се стекнува и со сопствени хартии од вредност и на извршниот директор на ЦДХВ му се забранува да ги пренесува своите овластувања на трети лица.
На барање на "Фершпед брокер" АД Скопје, Комисијата за хартии од вредност и ја намали дозволата за работење на оваа брокерска куќа, со што повеќе нема да ги врши услугите со хартии од вредност како досега, туку само ќе купува и продава хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот и ќе дејствува како покровител при котација. За вршење на овие дејности, "Фершпед брокер" АД Скопје во секое време мора да поседува основна главнина од 75 илјади евра, а не 500 илјади евра, колку што одржуваше претходно. - КХВ и ја измени дозволата за работење и на "Алта Виста Брокер" АД Скопје, бидејќи брокерската куќа побара повеќе да не ја врши услугата-инвестициско советување, туку само да купува и да продава хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот и да дејствува како покровител при котација.
Секторот за супервизија на пазарот на капитал во мај спроведе вкупно 4 контроли од кои 3 редовни и 1 вонредна контрола .
Секторот за супервизијана пазарот на капитал во мајпостапуваше по трибарања > за заштита на акционерски права.
Во периодот од 09-11 мај 2011 година, претставници на Комисијата за хартии од вредност беа во работна посета на Полската Комисија за финансиски надзор (ПКФН). Посетата беше организиранасо техничка помош од TAIEX програмата. Целта: да се стекнат искуства кои се од особена корист при подобрување на законската регулатива во насока на целосна имплементација на Директивата за Проспектот за издавање на хартии од вредност и на Директивата за транспарентноста и обелодедувањето на соодветните извештаи, информации и податоци. Освен Полската Комисија за финансиски надзор, претставниците на КХВ ја посетија и Варшавската Берза, каде се запознаа со електронските платформи за тргување на акциите и обврзниците, како и на финансиските деривати. Исто така, беше образложена и постапката на прием на котација на одредени хартии од вредност, издадени од издавачите, при што Варшавската Берза посветува особено внимание за промовирање на самиот чин на прием за котација (последна компанија чии акции се примени на котација е НЛБ Нова Љубљанска Банка од Словенија).