На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, во март по завршена јавна расправа ги усвои следните Правилници: 1. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за содржината на месечниот извештај за работењето на овластено правно лице со дозвола за работење со хартии од вредност; 2. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за утврдување на категориите на сопствени средства и начинот на пресметување на износот и структурата на влоговите при основање и средствата од активата на овластено правно лице со кои треба да располага во континуитет; 3. Правилник за потребната дополнителна документација за добивање согласност за стекнување на квалификувано учество во брокерска куќа, берза на хартии од вредност или депозитар;
Комисијата даде согласност за обновување на дозволата за работење на Васко Митев и на Татјана Атанасова, вработени во брокерската куќа: " Илирика Инвестментс " АД Скопје и на Стеван Шапчески од "Централниот депозитар за хартии од вредност" АД Скопје.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде дозвола Стојан Василев да биде именуван за директор на брокерската куќа Алта Виста Брокер АД Скопје.
Комисијата за хартии од вредност и во март секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе вкупно 2 контроли и тоа една редовна , една вонредна.
Секторот за супервизија на пазарот на капитал во март постапуваше по шеснаесет барањ а за заштита на акционерски права.
А) Брокерски куќи, брокери и фондови - Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија трајно и ја одзема дозволата за вршење на услуги со хартии од вредност на брокерската куќа Нови Триглав АД Скопје заради неодржување на основна главнина и заради кадровска неоспособеност. - КХВ ја изрече ваквата санкција бидејќи и по истекот на определениот рок од 15 дена, брокерската куќа не вработи потребен број брокери и инвестициски советници со дозвола за работа и не го обезбеди потребниот износ на основна главнина за вршење на услуги со хартии од вредност, со што не ја отстрани утврдената неправилност. Ова задолжение Нови Триглав АД Скопје го доби од страна на Комисијата уште н 14 февруари 2011 година. - Истовремено, со трајното одземање на дозволата за работа на Нови Триглав АД Скопје се исполнуваат условите за отворање на ликвидација на брокерската куќа, за што Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ќе поведе постапка пред надлежниот суд. - Инаку, Нови Триглав АД Скопје почнувајќи од 24 февруари, па до 7 април оваа година е времено исклучена од членство во Македонската берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје. - Поради извршена ценовна манипулација со акции на Жито Полог АД Тетово во сопственост на ЗК Пелагонија АД Битола, овластен брокер од брокерската куќа Иново Брокер АД Скопје заработи привремена забрана да врши работи со хартии од вредност за период од три месеци. Имено, брокерот знаејќи за продажната цена на акциите која била на пазарот внел налог и реализирал трансакција со цел да ја зголеми цената и да создаде привид на активно тргување на истата. Исто така, КХВ изрече јавна опомена на брокерската куќа Иново брокер АД Скопје и на нејзиниот директор. Поради ненавремено објавување на ценовно чувствителна информација, КХВ одлучи да се поведе прекршочна постапка против ЗК " Пелагонија" АД Битола. - Комисијата изрече јавна опомена на овластен брокер од брокерската куќа " Илирика Инвестментс" АД Скопје поради нецелосно внесување во Бест системот на " Македонската берза" АД Скопје на целата количина акции определена од клиентот. - КХВ донесе решение за јавна опомена на двајца овластени брокери од " НЛБ Тутунска банка" АД Скопје. Едниот, во текот на својата работа не се придржувал кон инструкциите од клиентот ; . А другиот, затоа што налогот на клиентот не го евидентирал според Правилата за тргување на " Македонската берза" АД Скопје. - ; Комисијата донесе решение со кое го задолжи Друштвото за управување со инвестициски фондови КБ Публикум Инвест АД Скопје да ги отстрани утврдените неправилности и незаконитости во рок не подолг од 30 дена и истовремено ДУИФ КБ Публикум Инвест АД Скопје да достави доказ дека сите 14 договори склучени со посредниците при продажба на удели во инвестициски фондови се ревидирани.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на друштвото за управување со инвестициски фондови КБ Публикум Инвест АД Скопје му даде дозвола да основа два нови отворени инвестициски фонда. И тоа: КБ Публикум - Паричен и КБ Публикум- Обврзници. 1. Отворениот инвестициски фонд КБ Публикум - Паричен претставува паричен или кеш фонд. Прибраните средства, паричниот фонд ќе ги вложува во депозити на банки, инструменти на пазарот на пари и краткорочни должнички хартии од вредност од најбонитетни издавачи. Kaj паричните фондови приносот се очекува да биде поголем од каматата на штедење по видување, а клиентите ваквите фондови највеќе ги користат за краткорочен пласман на вишокот на пари, односно за вложувања на период пократок од една година. 2. Отворен инвестициски фонд КБ Публикум - Обврзници претставува обврзнички фонд. Основни инструменти во кои ќе се инвестираат средствата на фондот се банкарските депозити, инструменти на пазарот на пари, краткорочни должнички хартии од вредност од најбонитетни издавачи, државни и корпоративни обврзници. Приносот кај овие фондови по правило би бил поголем од каматата на орочените депозити. Инвестициската стратегија на Фондот сугерира вложување на среден рок со однапред дефиниран период на инвестирање, односно КБ Публикум -Обврзници е наменет за инвеститори кои сакаат да ги вложат своите средства на период од над една година. Одобрени се и Статутите и Проспектите на отворените инвестициски фондови.
- Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на РМ Марина Наќева Кавракова во периодот од 21 до 25 март 2011 година престојуваше во Република Хрватска, каде учествуваше на работни состаноцисо градоначалниците на Ријека и Сплит. Целта - запознавање со искуствата во областа на издавање на општински обврзници, од аспект на подготовка, емисија и реализација на проектот. За време на престојот реализирани се и работни средби со институциите кои имаат значајна улога во процесот на издавање на општински обврзници како што се Загребачката Берза, Хрватската Агенција за надзор на финансиските услуги и Привредна Банка Загреб. Освен Претседателот на КХВ Марина Наќева Кавракова, на работните состаноци учествуваа и градоначалниците на неколку единици на локална самоуправа од Република Македонија и тоа Илинден, Гевгелија, Гостивар и Кавадарци, како и претставници од Куманово и од Штип. Овој проект е организиран од страна на УСАИД-Проект за локална самоуправа. - Претставници на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во периодот од 22-24 март 2011 година учествуваа на седмиот состанок на Поткомитетот за внатрешен пазар и конкуренција и на Поткомитетот за економско-финансиски прашања и статистика при Европската унија во Брисел. Освен од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, во Брисел беа и претставници од Министерството за финансии на РМ, Министерството за економија на РМ, Министерството за транспорт и врски на РМ, Министерството за правда на РМ, Министерството за образование и наука на РМ, Кабинетот на заменик претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања, Агенцијата за поттикнување странски инвестиции и др. На двата состанока се презентираше напредокот на Република Македонија во областите кои се однесуваат на внатрешниот пазар и конкуренција како: право на основање и слобода на давање услуги; јавни набавки и концесии; интелектуална сопственост; конкуренција; Финансиски услуги и Право на трговски друштва . Во делот на економско-финансиски прашања и статистика, акцент беше ставен на економските и монетарни случувања во РМ и во ЕУ; односите на РМ со меѓународните финансиски институции; реформите за подобрување на деловната клима во РМ; зајакнувањето на конкурентноста на економијата; слободното движење на капиталот; статистиката; финансиската контрола. Европската Комисија оцени дека Република Македонија успеала да го минимизира влијанието на глобалната финансиска криза, ги поздрави напредокот и активностите што ги презема земјата за натамошно усогласување на законодавството особено во областа на финансиските услуги , а позитивно се изјасни и за административните и регулаторните капацитети на сите супервизорски институции во финансискиот сектор во РМ меѓу кои и Комисијата за хартии од вредност.