На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, во февруари по завршена јавна расправа ги усвои следните Правилници: -Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за постапката и условите за достапност на податоци од издавач на хартии од вредност и од акционерските друштва со посебни обврски за известување; -Правилник за начин и време на запишување и бришење на акционерско друштво, содржина и начин на водење, ажурирање на податоците и пристап на јавноста до Регистарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување; -Правилник за формата и содржината на годишните, полугодишните, тримесечните и тековните извештаи, резимето од годишните извештаи, материјали за акционерски собранија на акционерските друштвата со посебни обврски за известување кои се водат во Регистарот на Комисијата за хартии од вредност; -Правилник за начинот и условите за обука и полагање на стручен испит за инвестиционо советување; Исто така, во февруари КХВ го усвои предлог и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за обновување на дозволата за работење на брокер по што го стави на јавна расправа.
Комисијата даде согласност за обновување на дозволата за работењена брокери кои се вработени во брокерските куќи: "Алта Виста" АД Скопје, "Пеон Брокер" АД Скопје, "Фершпед Брокер" АД Скопје, "Еуро Брокер" АД Скопје и "Мој Брокер" АД Скопје. Станува збор за : 1. Јосиф Костадиновски; 2. Методија Ивановски; 3. Младен Дамев; 4. Лидија Трајковиќ; 5. Билјана Стојановиќ; 6. Димче Панов; 7. Стојан Василев;
Комисијата за хартии од вредност и во февруари секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе 14 вонредни контроли.
Секторот за супервизијана пазарот на капитал во февруари постапуваше по едно >барање за заштита на акционерски права.
А) Брокерски куќи - Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија донесе одлука за привремена забрана за вршење на услуги со хартии од вредност на брокерската куќа "Нови Триглав" АД Скопје. Ваквата санкција, КХВ ја изрече бидејќи "Нови Триглав" АД Скопје не ги исполнува законски пропишаните кадровски, технички и организациони услови и не ја одржува основната главнина. Привремената забрана за вршење на услуги со хартии од вредност е за период од 30 работни дена. - Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, на брокерската куќа Фершпед Брокер АД Скопје привремено и забрани да ги врши сите услуги со хартии од вредност . Оваа мерка, КХВ ја изрече бидејќи брокерската куќа Фершпед Брокер АД Скопје префрлала пари без законски основ од сметката на еден клиент на сметката на друг клиент, а без притоа да се склучи трансакција со хартии од вредност. Ваквата незаконска операција се врши во врска со купопродажба на акции на "Млекара" АД Битола, а освен "Фершпед Брокер" АД Скопје во финансиските трансфери учествувале и странскиот инвеститор ЦЕЕ Инвестментс Б.В., приватниот фонд "Фишер Тета" и правното лице "Лабруско" ДОО Скопје. Привремената забрана на Фершпед Брокер АД Скопје за вршење на сите услуги со хартии од вредност е за период од 30 работни дена.
Во февруари , вкупно активни акционерски друштва се 156. Како што е познато, во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.
На 19 февруари 2011 година заврши Втората обука на кадри за инвестициско советување која што Комисијата за хартии од вредност ја организираше поради потребите на пазарот за нови кадри за инвестициско советување.Обуката ја следеа 110 кандидати кои за да се стекнат со уверение за положен стручен испит за инвестициско советување во Република Македонија ќе треба да ги положат трите модули. Ваквите кадри ќе ги следат берзанските случувања, ќе изготвуваат анализи и ќе ги советуваат инвеститорите за предностите и ризиците од купувањето и продавањето на хартии од вредност. Инвестициските советници се очекува да дадат значителен придонес во подобрувањето на финансискиот пазар и неговото развивање. Обуката започна на 02 декември 2010 година , а при нејзиното организирање Комисијата за хартии од вредност имаше поддршка и помош од USAID-Проектот за деловно опкружување.