На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
КХВ на РМ во декември ги разгледа и усвои следниве предлог Правилници кои произлегуваат од Законот за хартии од вредност ; -Предлог-Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за за формата и содржината на годишните, полугодишните, тримесечните и тековните извештаи, резимето од годишните извештаи, материјали за акционерски собранија на акционерските друштвата со посебни обврски за известување кои се водат во Регистарот на Комисијата за хартии од вредност; -Предлог-Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за постапката и условите за достапност на податоци од издавач на хартии од вредност и од акционерските друштва со посебни обврски за известување; -Предлог-Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начин и време на запишување и бришење на акционерско друштво, содржина и начин на водење, ажурирање на податоците и пристап на јавноста до Регистарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување ; -Предлог-Упатство за изменување и дополнување на Упатството за за начинот и постапката за внесување, промена и зачувување на податоците на веб страницата на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување; -Предлог Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за начинот и условите за обука и полагање на посебен стручен испит за инвестиционо советување; Овие Предлог подзаконски акти одат на јавна расправа ,каде заинтересираните можат да ги дадат своите забелешки .
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и одобри на Алфа Банка АД Скопје да ја емитува деветата емисија на акции по пат на приватна понуда заради зголемување на почетниот капитал. Со деветата емисија се издаваат 3.075 обични акции во износ од 369.000.000 денари. Новоиздадените акции се наменети за постојниот и единствен акционер, институционален инвеститор ALPHA BANK A.E-Атина, Р.Грција. Исто така, Комисијата и одобри на Централна Кооперативна Банка АД Скопје да ја емитува 14-тата емисија на 233.944 обични акции во вкупен износ од 593.795.205 денари за зголемување на почетниот капитал/основната главнина на банката, заради присоединување на Статер Банка АД Куманово кон Централна Кооперативна Банка АД Скопје.
Комисијата даде согласност за именување на Катерина Илиќ Нонкуловска за директор на Дирекцијата за работа со хартии од вредност и брокерско-посреднички услуги на Стопанска банка АД Скопје и на Горан Поповски за помошник директор на Дирекцијата за работа со хартии од вредност и брокерско-посреднички услуги на Стопанска банка АД Скопје. COLOR: red
Комисијата даде согласност за обновување на дозволата за работење на брокери на вработени во Инвестброкер АД Скопје и Бро-Дил АД Скопје. Станува збор за: Маја Костиќ, Кирил Митровски, Зоран Трифуновски, Искра Костова и Дарко Јовановски;
Комисијата за хартии од вредност и водекември секојдневно оn-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе 2 (две) редовни контроли на инвестициски фондови, по една редовна на Македонската берза АД Скопје и на Централниот депозитар за хартии од вредност и 3 (три) контроли на брокерски куќи.
Секторот за супервизијана пазарот на капитал постапуваше по 3 (три) барања за заштита на акционерски права.
Комисијата за хартии од вредност даде согласност на Правилата за формирање и начинот на користење на Гарантниот фонд; Со средствата од гарантниот фонд се овозможува намирување на обврските на членките на депозитарот, кога ќе немаат доволно парични средства за порамнување на трговските трансакции со хартии од вредност. КХВ даде согласност на Правилата за тргување на Македонската берза АД Скопје. Со Правилата за тргување се регулира: начинот на запишување на јавно понудените хартии од вредност преку берза, предусловите за запишување, изразување на цената и количината на јавно-понудените хартии од вредност преку берза, одржување и времетраење на запишувањето на хартии од вредност преку берза, како и постапките за одвивање на запишувањето на јавно понудените хартии од вредност преку берза по модел на фиксна цена и минимална цена.
Во декември, вкупно активни акционерски друштва се 157. Како што е познато, во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.