На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата за хартии од вредност ја одобри осмата емисија на акции на АЛФА банка АД Скопје. Емисијата ќе се реализира по пат на приватна понуда и е наменета за единствениот акционер Алфа банка АЕ Атина. Станува збор за 3.120 обични акции, во вкупна вредност на емисијата од 374.400.000 денари. Осмата емисија на акции се врши од сопствени средства на банката, а со неа се зголемува основната главнина на друштвото.
Комисијата за хартии од вредност даде одобренија за основање на следниве отворени инвестициски фондови: 1.Илирика Југоисточна Европа, 2.Илирика Глобал Растечки Пазари и 3.Иново Статус Акции. Овие фондови претставуваат нови чинители на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија и во нив можат да инвестираат сите граѓани и компании. Илирика Југоисточна Европа и Илирика Глобал Растечки Пазари ги основа Друштвото за управување со фондови Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје. Основач на Иново Статус Акции е Друштвото за управување со фондови Иново Статус АД Скопје. Отворените инвестициски фондови ќе прибираат парични средства преку јавен повик за продажба на документи за удел во фондовите и истите ќе ги вложуваат во согласност со Законот за инвестициски фондови, Статутот и Проспектот на фондот. Тоа значи дека секој инвеститор преку уплата на пари, ќе добие удел, врз основа на кој како сопственик ќе има право на сразмерен дел од добивката на фондот и во секое време ќе може да побара исплата на уделот и да истапи од фондот. Согласно податоците на Проспектите на фондовите, средствата ќе се инвестираат во: 1.Илирика Југоисточна Европа - во хартии од вредност на компании и банки кои работат на територијата на земјите од Југоисточна Европа; 2.Илирика Глобал Растечки Пазари - на глобалните и пазарите во подем, како и на Балканот; 3.Иново Статус Акции- во хартии од вредност на издавачи чие седиште е на територијата на Македонија, Хрватска, БиХ, Словенија Србија и на Црна Гора.
Ауцтор Брокери АД Скопје е новaта брокерска куќа што во октомври доби дозвола за работа од Комисијата за хартии од вредност. Основната главнина на Ауцтор Брокери АД Скопје изнесува 150.000 евра во денарска противвредност, а поделена е на 15.000 обични акции со номинална вредност од 10 евра по акција. Оваа членка на пазарот на капитал ќе купува и ќе продава хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот, ќе управува со портфолио на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент, ќе дејствува како покровител при котација и ќе има можност да врши инвестициско советување.
Во октомври Комисијата за хартии од вредност даде две дозволи за понуди за откуп на акции и тоа на : 1. МЕГА ЕЛ ЕООД, Софија, Р.Бугарија да ја преземе АД Фабрика за кабли Неготино; 2. Milestone ehf., Reykjavik, Iceland да ги откупи обичните акции издадени од Комерцијално инвестициона банка АД Куманово. -Понудата за откуп што ја даде МЕГА ЕЛ ЕООД, Софија, Р.Бугарија се однесува на 76.688 обични акции издадени од АД Фабрика за кабли Неготино. Понудувачот МЕГА ЕЛ ЕООД се обврзува да ги откупи хартиите од вредност по цена од 1550 денари по акција. -Понудата на Milestone ehf., Reykjavik, Iceland се однесува 128.655 обични акции од Комерцијално инвестициона банка АД Куманово, а ќе се смета за успешна, доколку Milestone ehf., Reykjavik, Iceland откупи 67 % од вкупниот број на обични акции на кои се однесува понудата за откуп. Понудувачот се обврзува да ги откупи хартиите од вредност по цена од 2.740 денари по акција.
Комисијата за хартии од вредност издаде две дозволи за работење на брокер. И тоа на: 1.Јасмина Џартова 2.Ирена Бошков
Тамара Анчева Крстева доби согласност да биде именувана за директор на брокерската куќа Ауцтор Брокери АД Скопје.
Во октомври вкупно активни акционерски друштва беа 144. Во Регистарот што го води Комисијата за хартии од вредност се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 ЕВРА во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.
Комисијата за хартии од вредност и во октомври секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 4 (четири) редовни контроли. Предмет на контролата беше: документацијата од реализирани берзански трансакции; книгата на налози; висината на ликвидниот капитал пропишан со закон; водењето на парични средства на посебна сметка на клиентите; ревидираните и поништени трансакции во изминатиот период; придржување кон налозите на клиентите и кон правилата на берзанското работење и брокерската етика и.т.н. Исто така, беа извршени и 5 (пет) вонредни контроли.
а) Брокерски куќи Комисијата за хартии од вредност донесе решение за привремена забрана за вршење на сите услуги со хартии од вредност на брокерската куќа Мак Брокер АД Скопје за кои има добиено дозвола. Забраната трае 30 работни дена, а се применува од денот на донесувањето (17.10.2007). Временото суспендирање на Мак Брокер АД Скопје е резултат на фактот што Второстепената Комисија за решавање на жалби од областа на пазарот на хартии од вредност го потврди решението на Комисијата за хартии од вредност, а ја одби жалбата на Мак Брокер АД Скопје. Времената забрана на Мак Брокер е заради непорамнета трансакција. Комисијата за хартии од вредност покрена прекршочна постапка против брокерската куќа Сензал АД Скопје и одговорното лице, заради кршење на член 104 став 2 од Законот за хартии од вредност според кој ,,Брокерската куќа е должна да ја информира КХВ за секоја промена во сопственичката структура во рок од осум календарски дена од денот на настанувањето на промената". б) ЦДХВ Откако судот донесе пресуда според која Централниот депозитар за хартии од вредност извршил незаконито и неосновано бришење во акционерската книга на Екско Трејд АД Скопје, Комисијата за хартии од вредност го санкционира на тој начин што јавно објави за утврдените неправилности и незаконитости во работењето на депозитарот. в) Брокери Комисијата за хартии од вредност на брокерот Сашо Китановски од брокерската куќа "Битола брокер" АД Битола му изрече привремена забрана за тргување во времетраење од 30 календарски дена. КХВ го санкционира брокерот, откако констатира дека ја повредил процедурата при продажба на акции од "Стопанска банка АД Битола", а биле во сопственост на "Транскоп " АД Битола. г) Акционерски друштва Комисијата за хартии од вредност донесе решение со кое го прекина тргувањето со акциите на Раде Кончар АД Скопје и ја забрани реализацијата на нетрговските преноси со обичните акции на друштвото. Забраната е со траење од 30 работни дена, а е изречена поради непочитување на одредби од Законот за хартии од вредност во делот на дозволените начини на тргување со хартии од вредност. Исто така, во врска со овој случај КХВ донесе решение со кое го задолжи Централниот депозитар за хартии од вредност да ги отстрани утврдените неправилности и незаконитости со тоа што ќе ја врати состојбата на сметките на хартии од вредност на акционерите како пред преземање на активностите за кои е санкциониран Раде Кончар АД Скопје.
Во октомври Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше својата контролна функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ доставени се 11(единаесет) барања за заштита на акционерски права. Некои поплаки се однесуваат на раскинување на договорите кои се потпишани според Законот за трговски друштва,а врз основа на кои им се блокирани акциите. Дел од акционерите се жалат на повреда на берзанските процедури на тргување и бараат проверка на трансакции реализирани на Македонската берза АД. Други пак, прашуваат како им се симнати акциите од сметките што се водат во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје.
Претставници на Комисијата за хартии од вредност учествуваа на семинар во Мадрид, Шпанија организиран од IOSCO на тема Транзиција кон меѓународните стандарди за финансиско известување (IFRS) што се одржа во периодот од 15-19 октомври 2007 година. Целта на семинарот беше да се информираат регулаторните тела за предизвиците што ги очекуваат во транзицијата кон меѓународните стандарди за финансиско известување. Семинарот беше добра шанса учесниците да разменат искуства на оваа тема. Во периодот од 25 до 27 октомври 2007 година во Мадрид се одржа состанок на членките на Регионалниот европски комитет на IOSCO на кој Комисијата за хартии од вредност имаше свој претставник. На состанокот на членките на Регионалниот европски комитет на IOSCO, застапени беа неколку области значајни за регулаторите на пазарот на капитал. На пленарната сесија беа обработени следниве теми: -Имплементација на Принципите и целите на IOSCO; -Продлабочување на дијалогот со учесниците на пазарот; -Процесот на апликација за потпишување на Меморандумот на разбирање на IOSCO. Исто така, во октомври, кандидатите кои ја посетуваат Првата обука за инвестициско советување го полагаа третиот и последен модул од стручниот испит. Преостанува уште Комисијата за хартии од вредност да им ги додели сертификатите, по што ќе се здобијат со звањето-инвестициски советник.