На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата ги разгледа барањата на НЛБ Тутунска Банка АД Скопје и Стопанска Банка АД Скопје за ослободување од обврска за обелоденување на ценовно чувствителни информации и едногласно одлучи да ги задолжи НЛБ Тутунска Банка АД Скопје и Стопанска Банка АД Скопје, како друштва со посебни обврски за известување да ги објават ценовно чувствителните информации согласно Законот за хартии од вредност.
Акционерски друштва со посебни обврски за известивање Комисијата го разгледа извештајот во врска со извршен нетрговски пренос на 818.736 акции на издавачот МОДА АД Свети Николе заедно со целокупната документација и донесе решение за одземање на правото на глас и дивиденда од акциите стекнати со правна работа спротивна на Законот за превземање на акционерски друштва од страна на Casa Moda West GmbH до нивно отуѓување и заклучок согласно член 69 став 1 алинеја 1 од Законот за превземање да поведе прекршочна постапка против правното лице Casa Moda West GmbH и одговорното лице на правното лице поради недавање на јавна понуда за откуп на акции. Комисија ги разгледа извештаите од извршената контрола за необјавување на ценовно чувствителна информација од акционерските друштва: - АД Фабрика за кабли Неготино, - Макстил АД Скопје, - Макпромет АД Штип, - Жито Лукс АД Скопје, - Топлификација АД Скопје, - Макпетрол АД Скопје и - Современ Дом АД Прилеп, при што одлучи да им изрече мерка јавно обелоденување на информациите за утврдените неправилности и незаконитости согласно член 220 став 1 точка а) од Законот за хартии од вредност. По спроведување на постапка пред Прекршочната комисија, КХВ на РМ им изрече единствена санкција глоба, во висина од 4.000 Евра во денарска противвредност по среден курс на НБРМ на над 23 акционерски друштва со посебни обврски за известување, бидејќи сториле прекршок со несторување, при што не ги исполнувале обврските - необјавувале податоци во Регистарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување или пак нецелосно и ненавремено ја исполнувале таквата обврска. Истовремено Комисијата постапувајќи по барањето за поведување на прекршочна постапка донесе решение за поведување на единствена прекршочна санкција опомена на 2 друштва со посебни обврски за известување заради неисполнивање на обврските по член 154 став 1, член 155 став 1 и член 160 став 1 од Законот за хартии од вредност.
Во јули, вкупно активни акционерски друштва се 164. Како што е познато, во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата.