На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата издаде една дозвола за работење на брокер.
Централниот депозитар за хартии од вредност со Законот за хартии од вредност ги усогласи следните акти: а) статутот; б) правилата за работа; в) правилата за членство; г) правилата за однесување и дисциплина; д)правилата за арбитража на ЦДХВ и Берза. Со овие акти се обезбедува уште поголема заштита на инвеститорите, се регулира однесувањето на членките на ЦДХВ, се утврдуваат условите за прием во членство во депозитарот, се доуредува начинот на разрешување на споровите и.т.н. Македонската берза АД Скопје ги усогласи, а Комисијата за хартии од вредност даде виза на : а) Правила за членство и б) Правила за однесување и дисциплина на Македонската берза АД Скопје.
Во јануари во Регистарот на Комисијата за хартии од вредност се водеа 157 акционерски друштва. Овие акционерски друштва по своето основање издале хартии од вредност по пат на јавна понуда или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери, или се котирани на берза.
Комисијата за хартии од вредност издаде две согласности за директори на дирекции за работа со хартии од вредност и тоа: 1.Викторија Трајчова Недановска да биде директор на Дирекцијата за работи со хартии од вредност и брокерско - посреднички услуги на Стопанска Банка АД Скопје; 2.Василка Николовска да биде именувана за директор Дирекцијата за работа со хартии од вредност на ТТК Банка АД Скопје.
Во текот на јануари 2007 година, Комисијата за хартии од вредност изврши 1 (една) вонредна контрола над овластен учесник на берзата.
Секторот за контрола на пазарот на капитал постапуваше по 5 (пет) барања за заштита на акционерски права.
Од 10 јануари до 26 истиот месец траеше пријавувањето на заинтересираните кандидати за следење на Првата обука на кадри за инвестициско советување, чиј старт е на 10 февруари. Интересот за професијата инвестициски советници е голем, па бројот на пријавени кандидати ја надмина предвидената квота од 30 лица. Пријавени се вкупно 123 кандидати. Комисијата за хартии од вредност на РМ ги подели во две групи, едната од 62 , а втората од 61 лице. Инвестициските советници на стручен и високо професионален начин ќе обезбедуваат услуги за своите клиенти поврзани со управување со портфолио на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент и инвестициско советување.
По сугестија на претставникот на Светска Банка, а во соработка со ФСВЦ, во периодот од 15-19 јануари 2007 година КХВ беше домаќин на полскиот експерт Кристоф Грабовски, кој како волонтер на ФСВЦ беше ангажиран да изврши скенирање на македонската регулатива за пазарот на хартии од вредност, по што неговите предлози за унапредување на работата и активностите на КХВ станаа дел од Стратегијата за зајакнување на улогата и работата на нашата институција.