На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Во февруари , Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија усвои два правилника и тоа:
- Правилник за изменување на Правилникот за потребната дополнителна документација за добивање согласност за стекнување на квалификувано учество во брокерска куќа, берза на хартии од вредност или депозитар за хартии од вредност и
- Правилник за измена на Правилникот за критериумот за рангирање на субдепозитарна банка на инвестициски фонд.
И двата подзаконски акта претходно беа на јавна расправа со цел јавноста да ги каже своите забелешки.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на ,,Нормак Инвестмент Гроуп,, АД Тетово му даде одобрение да издаде долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда наменета за познат купувач-единствениот акционер.
Со втората емисија на акции, ,,Нормак Инвестмент Гроуп,, АД Тетово врши зголемување на основната главнина со трансформирање на заем даден од ,,Нормак Инвестмент Гроуп,, АС од Норвешка како влог во друштвото.
Имено, ,,Нормак Инвестмент Гроуп АС од Норвешка како единствен и постојан акционер се стекнува со 43.494 обични акции во вкупна вредност од 133.733.177 денари. Зголемувањето на основната главнина е со цел да се создадат услови за непречено вршење на редовното работење на ,,Нормак Инвестмент Гроуп,, АД Тетово .
Во февруари, бројот на вкупно активни акционерски друштва во Регистарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување што го води Комисијата изнесува 11. Инаку, во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери, освен друштвата котирани на берза.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија обнови две дозволи за работење на брокер и тоа на Александар Домазетовски и на Филип Петрушевски.
Во февруари , Комисијата за хартии од вредност секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе две редовни контроли.
Секторот за супервизија на пазарот на капитал во февруари постапуваше по едно барање за заштита на акционерско право.