На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на ,,Охридска банка ,, АД Скопје и даде одобрение да издаде 12-та емисија на долгорочни хартии од вредност за познат купувач.
Станува збор за 77.764 обични акции со вкупна продажна вредност од 430.501.504 денари. Банката издава нови хартии од вредност заради одржување на соодветно ниво на стапка на редовен основен капитал и стапка на основен капитал, како и заштитните слоеви на капиталот пропишани со Законот за банки и подзаконската регулатива. Купувач на акциите од 12-та емисија е институционалниот инвеститор – Банката ,,Сосиете Женерал,,СА (Societe Generale SA) со седиште во Париз, Република Франција.
Во јануари , КХВ донесе Решение за бришење на ,,Трикотажа Пелистер,, АД Битола од Регистарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување заради стечај. Со бришењето на ,,Трикотажа Пелистер ,,АД Битола, бројот на вкупно активни акционерски друштва во Регистарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување што го води Комисијата изнесува 11. Инаку, во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери, освен друштвата котирани на берза.
КХВ одобри приватниот отворен фонд ,,Редгласс инвестментс,, да се запише во Регистарот на приватни фондови што го води Комисијата. Со овој приватен фонд ќе управува Друштвото за управување со приватни фондови ,,Есторил Инвестмент,, ДООЕЛ Скопје.
Во јануари КХВ на Емилија Вукиќевиќ и ја обнови дозволата за работење на инвестициски советник.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде одобрение на Одлуката за измени на Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје, со што наместо досега применуваниот период на порамнување од три работни дена (Т+3) од денот на склучување на трансакцијата се воведува период на порамнување од два работни дена (Т+2) од денот на склучување на трансакцијата.Со примената на ваков стандарден период на порамнување Т+2, македонскиот пазар на хартии од вредност ја следи праксата на порамнување што важи на европските регулирани пазари.
На овој начин се очекува да се намали потребата од барање на специјален ден на порамнување, да се динамизира тргувањето и да се зголеми ликвидноста на пазарот, да се овозможи побрз тек на парите на инвеститорите и пренос на хартиите од вредност. Исто така, воведувањето на Т+2 е од особена важност за СЕЕ Линк платформата.
Ваквата корекција на Правилата за тргување на Македонската берза АД Скопје е во согласност со Законот за хартии од вредност, кој го регулира времето на порамнување на трансакциите и нормира дека порамнувањето може да се врши веднаш, но не подоцна од три работни дена од денот на склучувањето на трансакцијата.
Исто така во јануари, КХВ даде согласност на Статутите на отворените инвестициски фондови со кои управува ДУИФ ,,КД Фондови,,АД Скопје и тоа на КД Топ Брендови, КД Нова ЕУ, КД БРИК и на КД Кеш Депозит, а ги одобри и измените и дополнувањата на Проспектите на КД Топ Брендови; КД Нова ЕУ; КД БРИК и на КД Кеш Депозит.
Секторот за супервизија на пазарот на капитал во јануари постапуваше по едно барање за заштита на акционерско право.