На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија го усвои Правилникот за изменување на Правилникот за вршење на контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност кој претходно беше на јавна расправа со цел јавноста да ги каже своите забелешки. Исто така, КХВ го разгледа Предлог Правилникот за изменување на Правилникот за потребната дополнителна документација за добивање согласност за стекнување на квалификувано учество во брокерска куќа, берза на хартии од вредност или депозитар за хартии од вредност и истиот го стави на увид на јавноста.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на ,,Агромеханика,, АД Скопје и даде одобрение за продажба на сопствени акции по пат на јавна понуда. Станува збор за 5.247 обични акции со вкупна минимална продажна вредност од 14.691.600 денари. Минималната продажна цена по акција изнесува 2.800 денари.Продажбата/оттуѓувањето на сопствените акции се реализира согласно моделот на минимална цена , при што приоритет се дава на налози со повисока цена , поголема количина и порано време на внес на налогот. Бројот на акциите кои се предмет на понудата претставува 12,96 % од вкупниот број на издадени акции од ,,Агромеханика,, АД Скопје кој изнесува 40.481 обични акции. Продажбата на сопствени акции, ,,Агромеханика,, АД Скопје ја врши заради задоволување на законската регулатива. Јавната понуда ќе се смета за успешна доколку во утврдениот рок се оттуѓат најмалку 60 % од понудените акции.
Исто така, КХВ на ,,Капитал банка,, АД Скопје и даде одобрение да издаде корпоративна обврзница за познати купувачи. Станува збор за прва емисија на 1000 обврзници со поединечна номинална вредност од 1000 евра и со вкупна вредност од 1.000.000 евра. Обврзницата што се издава е долгорочна со каматен принос (купонска), во нематеријализиран облик, неконвертибилна, гласи на име и е неограничено пренослива.
Емисијата на обврзници на ,,Капитал банка,, АД Скопје се врши заради зголемување на капиталот и сопствените средства на друштвото, подобрување на профитабилноста, проширување на портфолиото на услуги кои се нудат, како и за инвестиции во ИТ решенија за изградба на дигитални платформи за онлајн услуги на банката. Купувачи на обврзниците од првата емисија се : Алфа банка ЕАД ,Софија, Бугарија која ќе откупи 90 проценти од понудените обврзници, како и двата инвестициски фонда КБ Публикум-балансиран и КБ Публикум- обврзници од Скопје со по 5 проценти.
Во јули и август , вкупно активни акционерски друштва беа 11. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери, освен друштвата котирани на берза.
КХВ во август донесе решение за успешност на понудата за преземање на Триглав Осигурување АД Скопје од страна на преземачот Триглав ИНТ холдиншка дружба д.д. Љубљана, Република Словенија. Согласно известувањето за исход од понудата за преземање, понудата за преземање била прифатена од вкупно 23 сопственици на обични акции со право на глас во Триглав Осигурување АД Скопје, кои поседуваат вкупно 3946 обични акции, што претставува 6,56 проценти од вкупниот број на обични акции со право на глас, издадени од Триглав Осигурување АД Скопје.
Инаку, во понудата за преземање не беше определен услов за најмала количина на обични акции со право на глас на кои се однесува понудата за преземање која требаше да биде прифатена за понудата да се смета за успешна.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на Даниела Анѓелкоска и издаде дозвола за работење на брокер.
Во јули и август , Комисијата за хартии од вредност секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе три контроли.
Секторот за супервизија на пазарот на капитал постапуваше по две барања за заштита на акционерски права.