На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на КХВ
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури и стручна литература
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Извештај на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија (КХВ на РМ) за јули/август 2016
08.09.2016

ПОДЗАКОНСКИ АКТИ

     Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија усвои нeколку Предлог Правилници кои претходно беа на  јавна расправа со цел јавноста да ги каже своите забелешки:

  1. Правилник за формата и содржината на барањето за добивање дозвола за понуда за преземање;
  2. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и начинот на водење на книгата на налози ;
  3.  Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката за давање на согласност за именување на директор на берза ;
  4. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката на давање согласност за именување директор на овластено правно лице за вршење услуги со хартии од вредност;
  5.  Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начиниот и постапката за давање на согласност за именување на директор на депозитар за хартии од вредност;
  6. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот постапката и потребната документација за добивање дозвола за работење на друштво за управување со инвестициски фондови ;

Решенија за емисии на хартии од вредност

    Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија го одобри барањето на "Стопанска банка" АД Битола за издавање на прва емисија на корпоративни обврзници по пат на јавна понуда. Станува збор за 5.000.000 долгорочни должнички хартии од вредност со поединечна минимална продажна цена од 1 евро во денарска противвредност на денот на уплатата. Обврзницата што се издава е долгорочна со каматен принос, неограничено пренослива, во нематеријален облик и гласи на име. Вредноста на емисијата на обврзниците кои се предмет на јавната понуда е 5.000.000 евра и претставува 26,30% од основната главнина на "Стопанска банка" АД Битола. Емисијата на обврзници е заради зајакнување на капиталот и вкупниот финансиски потенцијал на банката со што "Стопанска банка" АД Битола планира да ги оствари бизнис целите утврдени со деловната политика за следниот четиригодишен период.

    Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на "Халк банка " АД Скопје ѝ ја одобри дванаесетта емисија на акции по пат на приватна понуда. Со дванаесетта емисија на акции, "Халк банка" АД Скопје ќе издаде 73.949 обични акции со номинална и продажна вредност од 10.000 денари по акција или со вкупен износ на емисијата од 739.490.000 денари. Зголемувањето на основната главнина со нови парични влогови се врши за познат купувач –институционалниот инвеститор "Turkiye Halk Bankasi Anonim Sirketi" од Република Турција. 

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

​  Во јули и август , вкупно активни акционерски друштва беа 14. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери, освен друштвата котирани на берза. 

Супервизорски активности

​КХВ донесе одлука по барањата на ДУИФ ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје за изменување и дополнување на статутите, проспектите и скратената форма на проспектите  на ВФП Премиум Инвест и  на ВФП Кеш Депозит. 

Согласности за директори на овластени учесници на пазарот на хартии од вредност

​Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде согласност Сашо Дракуловски и во наредните четири години да биде именуван за директор на брокерската куќа "Еурохаус" АД Скопје. Сашо Дракуловски и досега беше на оваа позиција. 

Дозволи за брокер

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија обнови една дозвола за работење на брокер и тоа на   Емилија Брљамова

Дозволи за инвестициски советници

КХВ издаде две  дозволи за работење на инвестиционен советник и тоа на Катерина Поповска и на Игор Бојковски. Исто така во јули и август, КХВ на Катерина Илиќ Нонкуловска и ја   обнови  лиценцата за инвестициски советник 

Спроведени контроли

Во јули и август  , Комисијата за хартии од вредност секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе шест  контроли

Активности по барања на акционери за заштита на нивните права

​Секторот за супервизија на пазарот на капитал постапуваше по четири барања за заштита на акционерски права од кои едно од група акционери



За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA