На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на ТТК Банка АД Скопје и даде одобрение да продаде сопствени акции по пат на јавна понуда. Станува збор за 25.960 обични акции кои претставуваат 2,86 проценти од вкупниот број на издадени акции од ТТК Банка АД Скопје кој изнесува 907.888 обични акции. Минималната продажна цена по акција е 546 денари по акција, а вкупната минимална продажна вредност на сопствените акции изнесува 14.174.160 денари. Јавната понуда е успешна, доколку се продадат најмалку 60 проценти од понудените акции. Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на Акционерското друштво КОППЕР ИНВЕСТМЕНТС АД Скопје му даде одобрение да издаде долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда. Станува збор за 22.500 обични акции со вкупен продажен износ од 90 илјади евра во денарска противвредност. Зголемувањето на основната главнина на КОППЕР ИНВЕСТМЕНТС АД Скопје се врши со парични влогови, со издавање на нови акции од трета емисија и тоа заради создавање услови за непречено функционирање на друштвото. Емисијата на акции е наменета за познат купувач - Surrey Dynamics Limited од Обединетото Кралство.
Во септември , вкупно активни акционерски друштва беа 17. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери, освен друштвата котирани на берза.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на Трговското друштво за вработување на инвалидни лица за производство и трговија Цип Продукт ДООЕЛ Скопје му издаде дозвола да даде понуда за преземање на сите акции издадени од Друштвото за Производство и трговија Пелистерка АД Скопје. Понудата за преземање се однесува на 17.019 обични акции со право на глас издадени од Пелистерка АД Скопје и 8.778 приоритетни партиципативни акции издадени од Пелистерка АД Скопје. Преземањето на хартиите од вредност се врши по цена од 2.100 денари по акција. Понудената цена се однесува на двата родови на акции издадени од Пелистерка АД Скопје. Понудата за преземање се однесува на сите акционери кои поседуваат обични акции со право на глас и на Фондот за ПИОМ како сопственик на сите приоритетни партиципативни акции, сите издадени од Пелистерка АД Скопје. Најмалата количина на обичните акции кои треба да бидат откупени за понудата да биде успешна е 8000 акции, што претставува 19,32 проценти од вкупниот број на обични акции. Имено, најнискиот процент од сите обични акции на Пелистерка АД Скопје кој преземачот треба да го стекне заедно со хартиите од вредност кои веќе ги поседува треба да изнесува 78,22%. Понудувачот за приоритетните партиципативни акции не определува најмала количина која треба да се прифати за понудата да се смета за успешна.
Во септември, Комисијата за хартии од вредност секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал во септември спроведе една контрола.