На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во мај по завршена јавна расправа го усвои Правилникот за дополнување на Правилникот за начинот и постапката за вршење надзор на правни и физички лица.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на Друштвото за управување со инвестициски фондови ,,Иново Статус,, АД Скопје му даде одобрение да издаде долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда. Станува збор за 50.000 обични акции во износ од 50 илјади евра. Зголемувањето на основната главнина на Друштвото се врши со влогови, со издавање на нови акции од четврта емисија. Емисијата на акции е наменета за познат купувач и тоа за единствениот акционер на Друштвото ЕЈ СИ ЕМ КОНСУЛТ ЕООД Софија.
Во мај , вкупно активни акционерски друштва беа 18. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери, освен друштвата котирани на берза.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на Друштвото за градежништво и трговија КВАЛИТЕТ ПРОМ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, му издаде дозвола да даде понуда за преземање на ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово. Понудата за преземање се однесува на 461.626 обични акции со право на глас издадени од ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово и 28.380 приоритетни кумулативни акции издадени од ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово. Преземањето на хартиите од вредност ќе се врши по цена од 550,00 денари по акција. Најмалата количина на обичните акции кои треба да бидат откупени за понудата да биде успешна е 234.158 акции, односно 50,62% од вкупниот број на обични акции. Имено, најнискиот процент од сите обични акции на ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово кој преземачот треба да го стекне заедно со хартиите од вредност кои веќе ги поседува треба да изнесува 50,83%. За приоритетните кумулативни акции на кои се однесува Понудата за преземање, преземачот не определил најмала количина која треба да се прифати за понудата да се смета за успешна.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија издаде една дозвола за инвестициски советник и тоа на лицето Зоран Колев.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на Петар Андреевски и на Артон Лена им даде согласност да бидат именувани за извршни членови на Друштвото за управување со инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје. Имено, Петар Андреевски ќе ја извршува функцијата - Главен извршен директор, а Артон Лена извршен директор. Согласно Одлуката на Собранието на акционери на Друштвото за управување со инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија одобри Петар Андреевски и Артон Лена да имаат мандат од три години.
Во мај , Комисијата за хартии од вредност секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал спроведе три контроли.
Секторот за супервизија на пазарот на капитал постапуваше по три барања за заштита на акционерско право.