На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на КХВ
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури и стручна литература
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Извештај на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија за април 2015 год.
07.05.2015

Подзаконски акти

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во април разгледа два предлог Правилника и истите ги стави на јавна расправа со цел јавноста да ги каже своите забелешки во однос на подзаконските акти. Станува збор за : 1. Предлог Правилник за измена и дополнување на Правилникот за формата, содржината и начинот наводење на Регистарот на инвестициски фондови и начинот на утврдување на идентификацискиот број на инвестицискиот фонд ; 2. Предлог Правилник за дополнување на Правилникот за начинот и постапката за вршење надзор на правни и физички лица; По завршена јавна расправа, КХВ ги усвои следниве два Правилника: 1.Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на проспектот и поканата за запишување и уплата на хартии од вредност; 2.Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за документите што ги доставува издавачот на хартии од вредност при поднесување на барањето за одобрение за јавна понуда на хартии од вредност;

Регистар на акционерски друштва со посебни обврски за известување

Во април , вкупно активни акционерски друштва беа 18. Во Регистарот се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери, освен друштвата котирани на берза.

Дозволи за брокер

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија издаде една дозвола за работење на брокер и тоа на лицето Андреј Богдановски.

Супервизорски активности

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде согласност на измените и дополнувањата на Правилата за тргување на Македонската берза АД Скопје, со кои се воведува нов тип на налог - налог по најповолна цена и истовремено се врши модифицирање на постојниот лимитиран налог. Налогот по најповолна цена е наменет за оние клиенти кои се подготвени да му дадат на брокерот право да одлучи кога ќе го реализира истиот. Имено, налогот е без дефинирана цена, но со утврдена количина од страна на клиентот. Брокерската куќа или овластената банка одлучува кога и по која цена ќе го реализира налогот, при што важат ценовните ограничувања за определената хартија од вредност. Со измените кои се вршат во однос на начинот на извршување на лимитираниот налог се воведува можноста клиентот да даде специфични инструкции за реализирање на лимитираниот налог, како и се доуредува обврската на брокерската куќа или овластената банка да ги преземе сите неопходни активности за извршување на налогот под услови кои се најповолни за клиентот, земејќи ги предвид цената, трошоците, начинот и брзината на реализирање, вредноста и карактеристиките на налогот на клиентот и други околности кои се важни за неговото извршување.

Спроведени контроли

Во април , Комисијата за хартии од вредност секојдневно он-лине во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за супервизија на пазарот на капитал во април спроведе една контрола.

Активности по барања на акционери за заштита на правата

Секторот за супервизија на пазарот на капитал постапуваше по едно барање за заштита на акционерско право.



За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA