На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата за хартии од вредност во мај го донесе Правилникот за кадровско, техничка организациона оспособеност на друштво за управување со инвестициски фондови.
КХВ на седницата ја одобри четвртата емисија на акции на ОРКА ХОЛДИНГ АД Скопје што ќе се реализира како приватна понуда. Станува збор за 53.477 обични акции во износ од 2.673.850 евра.
Комисијата за хартии од вредност издаде шест дозволи за работење на брокер и тоа на : 1. Фимка Митева 2. Климент Волкан 3. Томо Томовски 4. Александар Заовски 5. Раде Илиевски 6. Драги Тасевски
Скопје АД. Основната главнина на новата брокерска куќа изнесува 75.000 евра, а поделена е на 1.500 обични акции со номинална вредност од 50 евра по акција. Согласно член 94 од Законот за хартии од вредност, оваа членка на пазарот на капитал ќе купува и ќе продава хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот, ќе дејствува како покровител при котација и ќе има можност да врши инвестициско советување. Сензал Скопје АД е 18 - ти овластен учесник на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија.
Комисијата за хартии од вредност даде согласност на измените и дополнувањата на Статутот на Македонската Берза АД Скопје. Овие корекции се прават заради усогласување со Законот за хартии од вредност и со последните измени на Законот за трговски друштва.
Во мај вкупно активни акционерски друштва се 143. Во Регистарот што го води Комисијата за хартии од вредност се запишуваат друштвата кои се основани и работат во Република Македонија и притоа извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 ЕВРА во денарска противвредност и повеќе од 100 акционери или се котирани на овластената берза, односно исполнувањето на било кој од овие услови поединечно од страна на едно акционерско друштво, значи негово запишување во Регистарот на Комисијата. Од "Регистарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување" потенцијалните инвеститори можат да црпат точни, целосни, навремени информации врз основа на кои можат да носат правилна, вистинска, профитабилна и издржана деловна одлука за вложување на својот капитал.
Комисијата за хартии од вредност и во мај секојдневно on-line во реално време го следеше тргувањето на берзата и вршеше постојана посредна и непосредна контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Секторот за контрола на пазарот на капитал спроведе 1 (една) редовна контрола. Предмет на контролата беше: документацијата од реализирани берзански трансакции; книгата на налози; висината на ликвидниот капитал пропишан со закон; водењето на парични средства на посебна сметка на клиентите; ревидираните и поништени трансакции во изминатиот период; придржување кон налозите на клиентите и кон правилата на берзанското работење и брокерската етика и.т.н. Исто така, Секторот за контрола на пазарот на капитал во мај изврши 1 (една) вонредна контрола
Во мај Комисијата за хартии од вредност активно ја извршуваше контролната функција на пазарот на хартии од вредност и согласно законските прописи решаваше индивидуални (поединечни) и групни барања на акционери за заштита на нивните права кои произлегуваат од сопственоста над акциите. До КХВ во мај доставени се 14 (четиринаесет) барања за заштита на акционерски права. Дел од поплаките се однесуваат на несогласување со бројот на акции во електронскиот запис во книгите на акции во Централниот депозитар АД и на прекршување на берзанските процедури на тргување. Има и акционери кои се жалат на повреда на правилата при берзанското работење во извршна постапка.
Во текот на мај продолжи Првата обука за инвестициски советници.На покана на Комисијата за хартии од вредност на 31 мај во Скопје пристигна Г-дин Хрвоје Бујановиќ, извршен директор на инвестицискиот фонд на Привредна банка од Хрватска. Како експерт, г-дин Бујановиќ одржа предавања во рамките на подрачјето "Портфолио менаџмент".
Комисијата за хартии од вредност во мај го донесе Годишниот извештај за работењето на КХВ во деловната 2006 година. Согласно член 230 од Законот за хартии од вредност, Годишниот извештај заедно со ревидираните финансиски извештаи кои се во согласност со меѓународните стандарди на 23 мај го достави до Владата на РМ и до Собранието на РМ заради нивно усвојување.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија доби донација од Кралството Холандија, администрирана преку Светската банка за зајакнување на капацитетот, со што треба да се подобри климата за инвестиции во земјата. Донацијата во износ од 50.000 евра е дел од грантот во висина од 2,5 милиони евра што е наменет за техничка помош на институциите заради исполнување на условите на ПДПЛ 2 и 3 аранжманот на Република Македонија со Светската банка. Со донацијата, Комисијата за хартии од вредност како регулатор на пазарот на капитал во Република Македонија ќе ангажира меѓународен консултант кој ќе помогне при изготвувањето на Акционен план што произлегува од Стратегијата за спроведување на Законот за хартии од вредност во периодот 2007/2012 година.