На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Членот 4 став 2, предвидува ангажирање на посебно лице за извршување на услугата инвестиционо советување и управување со портфолио. Во случајот на услугата за инвестиционо советување – кога истата ја извршува брокерска куќа или овластена банка, предлагаме усогласување со Правилникот за кадровска, техничка и организациона оспособеност на овластено правно лице за вршење услуги со хартии од вредност. Имено во член 3 став 3 од Правилникот, за вршење на услугата инвестиционо советување согласно член 94 точка е) од Законот за хартии од вредност овластеното правно лице мора да има лице во редовен работен однос што има дозвола за работење на инвестиционен советник издадена од Комисијата, кое истовремено може да биде и лице кое ќе ги врши услугите предвидени во член 94 точки а) и ѓ). Со член 4 став 3 алинеа 3 за лицето кое ќе ја извршување услугата инвестиционо советување и управување со портфолио се предвидува услов од најмалку 6 месеци работно искуство во областа на управување со портфолио. Имајќи го во предвид степенот на развој на домашниот пазар на капитал и фактот дека овие услуги се во зародиш, цениме дека се уште не е создадена критична маса која го исполнува овој критериум, поради што предлагаме истиот да биде разлабавен во насока на опфаќање на работно искуство во областа на финансии. Во член 5 став 3 – се предвидува обврска за водење на евиденција на дадените налози од клиенти врз основа на личните препораки. Оваа обврска е многу тешко остварлива, со оглед на тоа што клиентот може да користи услуга на инвестиционо советување кај еден пазарен субјект, а донесените одлуки врз основа на препораките да ги реализира преку друг субјект – при што многу тешко може да се наметне обврска клиентот да го известува советникот за донесените и реализирани одлуки. Во член 11 став 1 точка 1, дефинирањето на вид на налог би требало да ги опфати и случаите кога налозите се реализираат на пазари преку шалтер или на странски берзи. Член 14 став 3 точка 3, предвидува своевиден due diligence на избраната деловна банка кај која се отвара наменската парична сметка. Во случајот на домашни деловни банки, фактот што тие дејствуваат во домашното окружување и се соодветно лиценцирани и под континуиран надзор на Народната банка која има увид во целокупната слика на работењето на банките, е поголем гарант за нивниот углед и адекватност од било какво преиспитување од страна на друштвата предмет на уредување на овој Правилник. Ваквото оптеретување е без конкретен ефект освен ако не се предефинира во насока на потесно оценување на соработката. Член 16 предвидува дополнителна обврска за надворешната ревизија, која особено во случајот на банките е и онака преобемна и скапа, и цениме дека би била неприфатлива за ревизорските куќи. Од тие причини предлагаме ова а обврска да се отстрани или евентуално да се надмине преку внатрешната ревизија. Во глава II.3 предлагаме замена на терминот „сопствени трансакции“ со „лични трансакции“, заради надминување на евентуална забуна дека истиот ги опфаќа и принципал трансакциите. Во врска со член 23, став 1 точка 4 – сметаме дека клиентот треба еднократно да се извести за веб страната на која може да пристапи до соодветните информации – при склучување на договор или при измена на веб адресата, и не нужно преку електронска пошта. Сметаме дека клиентот не се известува поединечно при секоја наредна промена на информациите, и доколку интенцијата на текстот е поинаква – истото треба да биде јасно прецизирано. Ограничување кое со член 31 став 2 се предвидува за друштвата за инвестиционо советување многу сериозно ги лимитира овие друштва во нивното работење, до таму што ја нарушува смислата на нивно постоење. Од тие причини сметаме дека истото треба да се отстрани, особено што евентуалната ризична компонента кај овие друштва се надминува преку врзување на нивните услуги со овластен пазарен учесник со голема лиценца во смисла на Законот за хартии од вредност. Замолуваме за продолжување на рокот за усогласување со Правилникот предвиден во член 38 со оглед на обемноста на обврските кои произлегуваат за пазарните учесници, и истиот наместо до 01.04.2022, да се продолжи на период од најмалку 09 месеци од денот на стапување во сила.
Датум на коментар: 29.12.2021 09:25:01