На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Член 2, став (1), точка (8) 8) “Помошни услуги” се чување и управување со финансиски инструменти за сметка на клиенти, вклучувајќи старателство на финансиски инструменти и со него поврзани услуги, како што се управување со парични средства или со инструменти за обезбедување, со исклучок на активностите за водење на регистри на нематеријализирани хартии од вредност и финансиски инструменти, односно услуги, кои може да ги врши овластен депозитар Прашање Дали чувањето на парични средства за сметка на клиенти го опфаќа и држењето на парични средства на клиентите заради порамнување на трансакции со финансиски инструменти? Дали може појаснување на услугата согласно чл.5 ст.2 точка а од Законот? Дали оваа услуга има поширок опфат од услугата на чување на хв согласно Законот за хартии од вредност? Член 3 Пресметка на редовниот надоместок Член 3 (3) Основица за пресметка на редовниот надоместок се паричните средства и финансиските инструменти на малите вложувачи, утврдени врз основа на податоците од месечните извештаи кои членката на Фондот ги доставува до операторот на Фондот и тоа: – просечната вредност на вкупните парични средства на тримесечно (квартално) ниво; – просечната вредност на сите финансиски инструменти на тримесечно (квартално) ниво. Прашање Дали овде влегуваат паричните средства кои клиентите ги чуваат во странски субстарателски банки? Дали овие ф.и. се само оние кои членката ги чува на старателски сметки? Дали се имаат предвид и некои други типови на сметки кои ќе се отвораат во депозитарот во име и за сметка на инвеститорите а ќе гласат и ќе бидат под ингеренции на членките? Или, што се подразбира под управување со финансиски инструменти согласно чл.5 ст.2 алинеја а)? - Читајќи го членот 3 не е јасно како ќе се прави пресметката на редовниот надоместок и при тоа, се јавува дилема, дали при пресметка на основицата на редовниот надоместок, пресметката ќе се прави за сите тргувањата на сите активни мали вложувачи на домашен и/или странски пазар? - Во врска со ставот 6 и 7, нашето разбирање е дека операторот најдоцна до 30.11 во тековната година донесува одлука за тоа колкава ќе биде висината на редовниот надоместок по членка за наредната година (пр. 300.000,00 денари за една членка за 1 година) и тој износ членката го плаќа квартално (на 4 рати по 75.000,00 денари)? - Во врска со ставот 9 не е јасно како ќе се прави пресметката на минималниот износ на редовниот надоместок? член 14 - Појаснување на членот 14, став 1. Читајќи го членот 14, став 1, се јавува дилемата за видот на евиденцијата која треба да се води, па така, дали е исправно толкувањето дека треба да се води одделна евиденција за: 1. клиенти со осигурени побарувања, 2. износот на осигурени побарувања за секој поединечен клиент, и 3. активни клиенти.
Датум на коментар: 14.11.2024 13:57:19