На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Член 4, став (2) Критериуми за проценка на исполнување на условите за назначување на врзан застапник Член4 (2) При оценување на добрата репутација и углед на врзаниот застапник-физичко лице се зема предвид целата релевантна кривична и прекршочна евиденција имајќи го предвид видот на казнено-правната санкција, степенот во кој се наоѓа постапката, вложените правни лекови, изречените казни или други казнено-правни санкции, рехабилитацијата, постоење на отежителни и на олеснителни околности, важноста на казненото дело или прекршокот, времето кое поминало од сторување на делото и однесувањето на врзаниот застапник во тој период. Коментар/забелешка Согласно обемот на податоци кои се бараат, ИД нема можност да ги добие истите. Дали е ова обврска за ИД или регулаторот по службени канали ќе ги проверува овие податоци? Член 5, став (1) Форма, содржина и рок на достава на барањето за добивање на одобрение за работа на врзан застапник и барањето за запишување во регистарот на врзани застапници Член 5 (1) Инвестициското друштво е должно до Комисијата да поднесе барање за добивање на одобрение за работа на врзан застапник и барање за запишување во регистарот на врзани застапници, во писмена или во електронска форма, во рок од 8 (осум) календарски дена од денот на донесување на одлуката за назначување на врзан застапник. Прашање Дали е ова одлука која мора да биде донесена на ниво на УО? Член 5, став (2), точка (д), (е), (ж) Документација за добивање на одобрение за работа на врзан застапник Член 6 (2)Во случај кога врзаниот застапник е правно лице, кон барањето за добивање на одбрение за работа на врзан застапник и барањето за запишување во регистарот на врзани застапници, се приложува следната документација: д) список на физички лица, со следниве податоци: име, презиме, адреса и ЕМБГ на сите физички лица кои во правното лице-врзан застапник ќе ги извршуваат работите од член 118 став (2) од Законот; е) потврда за (не) постоење на кривична судска одлука; ж) потврда за (не) постоење на прекршочна судска одлука; Коментар/забелешка Треба да се избрише, дупло е со г) За кој период треба да се однесува оваа потврда? Дали треба да се бара само за правното лице или и за физичките лица во правното лице (законски застапници или останати физички лица кои ќе ги извршуваат услугите од член 118 од Законот)? Член 7, став (1) Обврската за запишување во регистарот на врзани застапници Член 7 (1)Комисијата води регистар на врзани застапници согласно Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на регистри. Прашање Дали ист врзан застапник може да биде врзан застапник на повеќе ИД? Член 11, став (1) Останати одредби Член 11 (1)Одобрението за работа на врзан застапник се дава за период утврден во предлог договорот за ангажирање на врзан застапник или во одлуката за назначување на врзан застапник. Прашање Дали има ограничување на должината на овој рок?
Датум на коментар: 14.11.2024 13:46:13