На веб страната www.sec.gov.mk се користат колачиња (cookies) кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Faqja e internetit www.sec.gov.mk përdor cookies që nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë vetëm për të përmirësuar përvojën e përdoruesit. Prania juaj në faqen e internetit nënkupton që ju pranoni përdorimin e këtyre cookies. Për më shumë detaje rreth mbrojtjes së të dhënave personale, ju lutemi lexoni Politikën e Cookies.

The website www.sec.gov.mk uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Годишен извештај
    • Прашања и одговори
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Етички кодекс
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Обука за корпоративни секретари
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
    • Публикации

      • Брошури
      • Прирачници
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Практикантство
      • Поимник
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
    • Список на изречени мерки
  • Контакт
Oдржана работна средба за подготовка за Eвропскиот квиз на парите
25.02.2019

На 22.02.2019 година, Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија учествуваше на работната средба со наставниците и професорите, координатори од основните и средните училишта од земјава кои ќе учествуваат во Европскиот квиз на парите. Беа презентирани одделните фази и се спроведе обука за подготовка за натпреварот, кој во организација на Македонската банкарска асоцијација, Комисијата за хартии од вредност, Народната банка и   Министерството за образование и наука по првпат се одржува во нашава земја, чија цел е финансиска едукација на младите од 13 до 15 години. 

На средбата се обратија: гувернерката на Народната банка, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, заменик-министерот за образование и наука проф. д-р Петар Атанасов и претседателот на Македонската банкарска асоцијација, г. Коста Митрески. Потоа беа презентирани материјалите за финансиска едукација од Народната банка во областа на личните финансии, пари и банки, заедно со осврт кон прашањата за квизот, од страна на главниот економист д-р Анета Крстевска. Додека пак, материјалите за подготовка за квизот од областа на инвестициите и пазарот на хартии од вредност на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија беа презентирани од страна на м-р Ивана Бољат.

На координаторите им беше укажано и за севкупната административна процедура за одржување на квизот. Натпреварот за Европскиот квиз на парите ќе се одвива во три фази. На 13 март ќе се спроведе првиот подготвителен тест во рамки на пријавените одделенија, односно класови, а една недела подоцна ќе се одржи и вториот подготвителен тест. Најдобрите по овие два теста ќе настапат на финалниот натпревар, којшто ќе се одржи во Скопје на 27 март, по кој ќе бидат познати двајцата најдобри ученици кои ќе ја претставуваат земјата на Европскиот квиз на парите во Брисел, на 7 мај годинава.

Се очекува дека овие активности поврзани со квизот значително ќе придонесат за подигнување на нивото на финансиска едуцираност на најмладите од земјава.



За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA