Учесници на пазарот на капитал

 

  Новости

Месечен извештај на Комисијата за хартии од вредност (КХВ) за јули 2008 год.
Комисијата за хартии од вредност привременo го забрани работењето на 30 работни дена на "Динев Брокер" АД Скопје. Времено за период од 30 работни дена му ја одзема согласноста на Стеван Шапчески за директор на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје поради сторени две неправилности. Исто така, КХВ донесе решение со кое на Ѓорѓи Китиновски му се одзема правото на глас и правото на дивиденда на 1.592 обични акции кои ги поседува во Агроплод АД Ресен. Поради кршење на Законот за преземање на акционерски друштва, Комисијата на Свисслион ДОО Скопје му го одзема правото на глас и правото на дивиденда на 1356 акции...
07.08.2008
Резултатите од полагањето на стручниот испит за работење со хартии од вредност одржан на 19.07.2008 година објавени
28.07.2008
Претседателот на Комисијата за хартии од вредност Марина Наќева-Кавракова учествуваше на 33-тата Годишна коференција на IOSCO
Регулаторните тела од светот се собраа во Париз на Годишна конференција на IOSCO
30.05.2008
КХВ во соработка со УСАИД организираше серија работилници на тема ,,Зошто акционерските друштва треба да прибираат капитал преку издавање на хартии од вредност и кои се придобивките од транспарентно објавување на податоци"
Транспарентноста и информирањето на јавноста за работењето не е само законска обврска, туку претставува и промоција на друштвото пред потенцијалните инвеститори, а издавањето на хартии од вредност е побрз, поефикасен и поевтин начин за прибирање капитал за компаниите. Ова беше кажано на работилницата што се одржа во Скопје на 25.03.2008 година, која е една од серијата што ги организира Комисијата за хартии од вредност во соработка со УСАИД.
25.03.2008
Промовирани првите инвестициски советници во Македонија
79 кандидати добија Уверенија за положен испит за инвестициско советување, од вкупно 123 кандидати, кои се Прва генерација на инвестициски советници во Република Македонија. Уверенијата им ги врачи Претседателот на Комисијата за хартии од вредност Марина Наќева Кавракова...
26.12.2007
Претседателот на КХВ Марина Наќева -Кавракова се обрати на The 2nd Macedonia Business & Investment Summit што се одржа во Александар Палас во Скопје
Комисијата за хартии од вредност ги уверува инвеститорите дека во рамките на своите овластувања ќе работи на подобрување на бизнис климата, пред се преку зголемување на нејзината ефикасност, со што многу побргу ќе се одвиваат сите процедури. На тој начин, рече Претседателот на КХВ Марина Наќева -Кавракова ќе се заштеди драгоценото време на инвеститорите, ќе се овозможи поефикасна работа и подолгорочно планирање на нивните идни чекори.
24.10.2007
ПРИЕМЕН ДЕН ЗА БРОКЕРИ ВО КОМИСИЈАТА ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ СЕКОЈ ВТОРНИК ОД 13 часот-16.30 часот
Секој вторник по 13 часот брокерите можат да дојдат во Комисијата за хартии од вредност и непосредно да ги кажат своите проблеми и забелешки.
10.10.2007
Претседателот на КХВ се сретна со претставници на брокерските куќи
- Еден од главните приоритети на КХВ ќе биде развивањето на ефикасен, чесен и фер пазар на капитал, чиј што висок интегритет ќе биде гарант за довербата на сите учесници на пазарот на капитал им порача Претседателот на КХВ Марина Наќева-Кавракова на брокерите. На состанокот беше промовирана и брошурата ,,Инвестирај мудро“ што ја изработи Комисијата за хартии од вредност во соработка со УСАИД-Проектот за деловно опкружување и Меѓународна финансиска корпорација ИФЦ.
08.10.2007

    ::      следни