|| Контакт

|

newsletter

|

Почетна
Skip Navigation Links.

Надлежности и овластувања


Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија е самостојно и независно регулаторно тело кое врши јавни овластувања утврдени со Законот за хартии од вредност, Законот за инвестициони фондови, Законот за преземање на акционерски друштва и сите подзаконски акти, кои произлегуваат од нив.  Основана е на 19.06.1992 година со Одлука на Владата на Република Македонија.

Комисијата го регулира и го контролира работењето со хартии од вредност на територијата на Република Македонија. Во рамките на своите законски надлежности и овластувања, се грижи за законито и ефикасно функционирање на пазарот на хартии од вредност и за заштита на правата на инвеститорите, со цел постојано да се јакне довербата на јавноста во институциите на пазарот на хартии од вредност во земјава.

Претседателот и комисионерите ги избира и разрешува Собранието на Република Македонија, по предлог на Владата на Република Македонија.

            Комисијата ги врши следниве функции:

  • врши контрола над целокупната документација на издавачите на хартии од вредност, презема мерки и носи одлуки за заштита на интересите на лицата кои се сопственици или инвестираат во хартии од вредност и спречува нечесни и незаконски дејствија, поврзани со работењето со хартии од вредност;
  •  издава дозволи, одобренија и согласности врз основа на Законот за хартии од вредност и другите закони во нејзина надлежност;
  • го регулира начинот на тргување со хартии од вредност на берзите;
  • го следи и контролира работењето на учесниците на пазарот на хартии од вредност;
  • го следи и контролира функционирањето на пазарот на хартии од вредност
  • одредува стандарди на конкуренција меѓу учесниците на пазарот на хартии од вредност, како и овластените друштва за управување со фондови, односно инвестиционите фондови, по пат на контроли или на друг начин;
  • дава согласност за именување на директори на брокерски куќи, на  одделот во банката кој е надлежен за вршење на услуги со хартии од вредност, како и на друштвата за управување со инвестициони фондови;
  • ги одобрува барањата за издавање на хартии од вредност;
  • се грижи за законит, чесен и транспарентен пазар на хартии од вредност;
  • ги одобрува донесувањето и сите измени на актите на депозитарот и на берзата;
  • соработува со други институции во Република Македонија и надвор од неа;

        Комисијата за хартии од вредност донесува одлуки со мнозинство гласови од вкупниот број комисионери (членови). 

 

   Стратегија за спроведување на законот за хартии од вредност во периодот 2007/2012 година